Тој потенцираше дека 27 години ја работи оваа работа, а тоа што не го истакнал во претходните, како што рече, четери прес конференции кога присуствувал во Владата е дека најпрофесионално си ја работи работата

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јуни, 2020 17:57

Караџоски: Јас сум цврст како куче, ќе издржам!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, пред самиот крај на денешната прес-конференција на која зборуваше за последната состојба во државата со бројот на заразени, а исто така апелираше и на здружување!

„На 25 мај имаше 16 случаи и тогаш започнавме со олабавување на мерките. Тој ден предложивме од утредента намалување на одредени мерки со кои го „ослободивме“ населението од рестрикциите што ги имавме воведено. Меѓутоа, она што се случи по 26 мај, исклучиво согласно епидемиолошките анкети што досега сме ги направиле, се должи на тотално непочитување на одредени превентивни мерки што ги дадовме како препорака од Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, а тоа се носење на заштитна маска, спречување на групирање повеќе од две лица што ни се удри како бумеранг заради непочитување на мерките за време на верскиот празник Рамазам Бајрам и ифтарските вечери коишто се случуваа во тој период“, рече Караџовски на денешната прес-конференција во Владата.

Тој потенцираше дека 27 години ја работи оваа работа, а тоа што не го истакнал во претходните, како што рече, четери прес конференции кога присуствувал во Владата е дека најпрофесионално си ја работи работата.

– Министерот Венко Филипче ми е 13. министер, директорот на ИЈЗ ми е 9. директор. Значи најпрофесионално ја работиме работата, а сум бил член на сите Комисии за заразни болести. Ве молам тоа да го имате во предвид пред да почнете да ме опаљкавате по медиумите. Не ми е пријатно на мене и на мојата фамилија. Меѓутоа јас заради тоа ќе издржам, заради тоа што сум цврст како куче, изјави д-р Караџоски.

Комисијата за заразни болести веќе го достави предлогот до Владата и во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести