Касами го потсети Заев дека на изборите добил над 50.000 гласови од албанците само затоа што ветил дека ќе ја реализира Тиранската платформа и дека тоа мора да го направи

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 октомври, 2018 14:40

Касами го потсети Заев на добиените албански гласови но и за Тиранската платформа

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на едно од крилата на Беса, Билал Касами, на прес-конференција јавно го праша премиерот Заев дали во иднина ќе треба повторно да се враќаат на отворање на Пандорината кутија.

Ова следеше откако Заев изјави дека не е потребно дополнително ширење на Пандорината кутија како одговор на барањата на двете опозициски партии на Албанците, Беса и Алијанса на Албанците.

Касами рече оти тие нема да условуваат и посочи дека доколку Заев не ги прифати барањата на партијата, тогаш тие ќе продолжат понатаму со процесот за зачленување во ЕУ и НАТО.

Граѓанската еднаквост е нешто за кое сите се залагаат. Ова се вредности за исполнување на заедничкиот сон за НАТО и ЕУ. Беса не влегуваше во овој прес со уценување.

Ние и понатаму ќе ја дадеме раката за соработка. Во овој дел се надеваме дека ќе надвладеат документите. Се надеваме дека ако премиерот имаше време да разговара со луѓе кои се инкриминиарни во разни случаи, ќе има време да ги разгледа и нашите барања. Панот Б, доколу Заев не ги прифати барањата, е да продолжиме со процесот кон ЕУ и НАТО. – вели Касами.

Според него, доколку овие прашања не се решат сега, ќе бидат повторно ставени на маса на следните избори.

Тој посочи дека Заев не треба да блокира зошто под мотото „Едно опшстество за сите“ добил гласови од Албанците, па поради тоа, сега барањата кон него се големи.

Барањата на Беса се за вметнување амандмани во Уставот со цел унапредување на правата на Албанците во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.