Инаку движење Беса е политичка партија на Албанците во Македонија, основана на 22 ноември 2014 во Скопје.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 септември, 2020 16:07

БЕСА ја напушти пратеничката група на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Економски Лидер дојде до документот кој покажува дека Беса го известува претседателот на Собранието Талат Џафери дека ја напушта пратеничката група на СДСМ.

„Ве информираме дека долунаведените пратеници кои досега настапувале во парламентарната група „Можеме“ , сега ќе настапуваат како група на пратеници на Партијата  движењето Беса“, стои во дописот кој е испратен на 14 ти месецов. 

Инаку движење Беса е политичка партија на Албанците во Македонија, основана на 22 ноември 2014 во Скопје.

Претседател на партијата е Африм Гаши кој беше избран на конгрес одджан во Тетово со 522 гласа „за“, 12 „против“ и 8 воздржани во 2018 година.

На парламентарните избори во 2016 година „Беса“ освоила пет пратеници, со што станала втора најголема албанска партија во Собранието.

Според завршната сметка за 2016 година, партијата остварила приходи од 58.500 евра (од кои, приходите од членарини и донации изнесувале 57.000 евра), нејзините расходи изнесувале 70.000 евра, додека имотот на партијата вредел 12.500 евра.

Инаку коалицијата „Можеме“ е најголемата, коалиција која победи на парламентарните избори во 2020 година предводена од СДСМ составена од 25 политички партии.

Можеме е целосно мултиетничка коалиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести