Талат Џафери е претседател на Собранието и тој не ги претставува Албанците, тој ја претставува ДУИ. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 октомври, 2019 20:41

Касами незадоволен од Џафери: Албанците ништо не добија од тоа што тој е претседател на Собрание

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Билал Касами во интервју за Слободна Европа изјави дека не е задоволен од работата на Талат Џафери како претседател на Собранието на Македонија.

Биљал Касами (31 јули 1975, Тетово) — македонски политичар и претседател на партијата Движење Беса. Завршил економски студии на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2000, а во следните четири години работел во царинската управа на Република Македонија. Во периодот 2004–2006 бил државен секретар во министерството за економија како член на ДУИ, но потоа се вратил во царина каде останал две години. Касами ја напуштил ДУИ во 2008 и се зачленил во Нова Демократија, која згаснала во 2011 по неуспехот на парламетарните избори одржани истата година.

Талат Џафери е претседател на Собранието и тој не ги претставува Албанците, тој ја претставува ДУИ. Тоа се гледа низ целото двегодишно функционирање на Собранието. Јас останувам на тоа дека за Македонија да биде држава во која сите сакаме да живееме, мора да се тргне предрасудата дали некој на некоја позиција ќе дојде само заради тоа што е Македонец или Албанец. Македонија ќе ја биде само тогаш кога граѓаните ќе се определат за една личност без разлика дали е Македонец или Албанец, туку ќе се определат според тоа кои вредности ги претставува, вредности кои заеднички ги споделуваме, а тоа се европски вредности – вели Касами.

Касами инаку е претседател на партијата Движење Беса.Завршил економски студии на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2000, а во следните четири години работел во царинската управа на Република Македонија. Во периодот 2004–2006 бил државен секретар во министерството за економија како член на ДУИ, но потоа се вратил во царина каде останал две години. Касами ја напуштил ДУИ во 2008 и се зачленил во Нова Демократија, која згаснала во 2011 по неуспехот на парламетарните избори одржани истата година. Истовремено бил професор на Меѓународниот Балкански универзитет (2009–2011), а во политиката се вратил во 2014 со основање на партијата Беса. Тој е оженет со Ајше Касами и имаат две деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.