Пратениците на Движењето БЕСА ќе функционираат како пратеници на Движењето БЕСА како и другите партии но не се исклучува можноста во иднина да се формира и пратеничка група.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јули, 2020 10:13

БЕСА го извиси СДСМ- ќе излезат од коалицијата „Можеме“?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На прес-конференција официјални претставници на партијата Беса која е во коалиција со СДСМ, односно коалицијата „Можеме“ соопштија дека ќе дејствуваат независно. Останува отворено прашањето дали можеби Беса најави дека ќе ја напушти коалицијата со СДСМ. Од Беса велат дека се уште не е завршена фазата на броење на гласовите но не ја исклучува можноста во иднина да се формира и пратеничка група.

На парламентарните избори коалицијата Можеме освои 46 пратенички мандати…

-Сеуште не е завршен процесот на финално пребројување, не би сакале во оваа славеничка фаза во која се наоѓаме како коалиција и како Движење БЕСА да нагаѓаме кои ќе бидат идните чекори, но секако ќе се почитува волјата на граѓаните за формирање на новата влада и да продолжиме со работите кои не очекуваат. Пратениците на Движењето БЕСА ќе функционираат како пратеници на Движењето БЕСА како и другите партии но не се исклучува можноста во иднина да се формира и пратеничка група. Уште еднаш ќе повторам се уште сме во фаза во која се бројат гласовите и тоа што може да се примети е дека волјата на албанците делегирала ДУИ да биде победник и претседателот на партијата му честиташе на господинот Ахмети и сметам дека тоа е доволно во оваа фаза во која се уште се бројат гласовите, велат од партијата на Касами.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...