Само за две години од Албанија во Грција се внесени над 15 тони марихуана а уапсени се над 300 лица

Објавил: Мартин Попоски | 17 август, 2018 14:21

Катимерини: Северна Грција “потоната” во марихуана од Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Официјалните податоци на грчката полиција покажуваат раст на случаите на запленета марихуана во северниот дел на земјата во областа Епир главно кај Јанина.

Весникот “Катимерини” повикувајќи се на полициската статистика пишува дека во последните две години случаите на запленета дрога пристигната од Албанија бележат раст од 232 отсто. Во акциите уапсени се 306 лица главно Албанци.

Дрогата поминува преку албанско грчката граница низ разни патишта а криминалните групи имаат софистицирани форми на шверц  на истата која ја скриваат во разни предмети и материјали по што во најголем дел потоа се дистрибуира низ Европа.

“Во текот на 2016-та година само во подрачјето на Епир запленети биле 2.7 тони додека следната година дури 9.2 тони марихуана. Годинава само во ова подрачје запленети се неколку тони додека на целата територија на Грција 6.7 тони марихуана пристигната од Албанија. Во сузбивањето на недозволената трговија со дрога долж границата грчката полиција е организирана во помали и флексибилни групи.” – пишува “Катимерини” во написот под наслов “Северна Грција потоната во марихуана од Албанија”.

Врз основа на информациите добиени од страна на грчките власти ако осомничените ја преминат околијата Јанина тогаш полициските сили се мобилизирани во втората зона главно во Арта каде што има поставено контролни полициски пунктови. Со цел поуспешно справување со оваа појава на грчките полицајци им помагаат и припадници на Фронтекс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.