Нема да ги раскажуваат ни оние кои се радуваат на уништувањето на една светла точка за правда, тело за уништување на мафија, како што беше замислено СЈО. Акцентот е на ,,замислено".

Објавил: admin@magazin | 15 септември, 2019 0:19

СИЊОРА Јанева пред 3 години во Палермо, каде ја помина обуката ,,Фалконе” за борба со висока корупција!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Сињора Катица, пред 3 години беше во Палермо на одбележување на 24-годишнината од смртта на судијата Џовани Фалконе, убиен во атентат од мафијата во 1992. Таа ја помина и обуката ,,Фалконе” за борба со висока корупција.

Она, кое, оваа жена не го поминала никогаш е лекцијата за морал и чест, достоинство, честитост, борбата со сам себе кога ќе ти дадат висока функција со високи државни приоритети. И тука не помага ниедна обука.

Сињора не постои повеќе. Неа никој нема да ја раскажува од срам. Прашинка.
Некогаш нејзиното име се изговараше со гордост, а денеска заболува желудник и од првата буква од нејзиното име.

Нема да ги раскажуваат ни оние кои се радуваат на уништувањето на една светла точка за правда, тело за уништување на мафија, како што беше замислено СЈО. Акцентот е на ,,замислено”.
Им дадоа и власт, и моќ, и пари.
Сега веќе нема ништо од тоа.

Доаѓаме до Ристо Крле и ,,Парите се утепувачка”. Во средно, 1994-та, ја избрав драмата како матурска тема и напишав дека ,,на Македонецот му е својствено да убива за пари”. Ми ја поништија со некои бесмислени изговори и ми дадоа друга тема. Мислам дека беше ,,Крпен живот”.
И во 2019-та истото го тврдам, со мало појаснување – Македонците ја убија правдата за пари.

Не барајте правда за вас, ако не сакате и се противите за правда за државна корупција.
Кога системот не функционира за мафија, корумпиран е на сите нивоа, без разлика која власт е во прашање, воопшто нема да функционира ни за вас, камоли за вашите деца.

И потоа ќе плачете и лелекате на сите страни, но никој нема да го чуе вашиот глас. Ќе липате во празно.
Атенатот на Фалконе и жена му, судија кој беше задолжен за судење на над 400 припадници од ,,Коза Ностра”.

(Фејсбук статус на Јорданка Ивановска Јоци)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести