Католиците во целиот свет, денес го слават Велигден, најголемиот и најстариот христијански празник кој се слави во спомен на воскресението на Христос, неговата победа над смртта и гревот.

Скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов по повод празникот, упати велигденска честитка.

Објавил: admin@magazin | 17 април, 2022 9:32

Католиците слават Велигден, најголемиот христијански празник

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија.

Католиците во целиот свет, денес го слават Велигден, најголемиот и најстариот христијански празник кој се слави во спомен на воскресението на Христос, неговата победа над смртта и гревот.

Скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов по повод празникот, упати велигденска честитка.

„Драги браќа и сестри! Со одлука на папата Фрањо, минатата година на празникот Свети Јосиф, на 19 март 2021 година, започна годината посветена на семејството „Amoris letitia“ која ќе трае до 26 јуни оваа година. Папата сака да нѐ поттикне дека во нашата пасторална посветеност секогаш го ставаме семејството во центарот на вниманието на Црквата и на општеството. Секое семејство треба да го почувствува живото присуство на Светото семејство од Назарет во својот дом, исполнувајќи ги секојдневните обврски и чувајќи ја семејната заедница со искрена и дарежлива љубов, секое семејство да биде извор на радост и покрај искушенијата и тешкотиите на кои наидува.

Во оваа време не можеме, а да не се осврнеме на страдањето и болката на народот на Украина. Браќа и сестри, вашето големо страдание, кое сега го поднесувате, наоѓа ехо во нашите срца. Сочувствуваме со сите луѓе кои страдаат, молејќи го Бога да им испрати утеха на ужалените, да им помогне на страдалниците да се издигнат од пепелта, да им даде вечен мир на починатите, додека на моќните и на иницијаторите на конфликтот да им го испрати својот Дух да го напуштат злото и да тргнат по патот на мирот и правдата. И во ова зло повторно се погодени семејствата кои плаќаат висока цена. Нека воскреснатиот Христос го избрка нивниот страв и нека ги зацврсти во верата дека Тој е единствениот вистински Пат, Вистина и Живот.

Секако, погледот да го насочиме кон нашите семејства овде во нашата татковина. Семејството е сржта на општеството и Црквата. Ако семејството во основата е здраво, тогаш ќе ни биде здраво и општеството и политиката, и Црквата и свештениците. Нека Бог им даде сила на сите семејства, особено на сопружниците, да го разберат автентичното значење на нивната заедница и љубов, сликата на љубовта меѓу Христос и неговата Црква.

Како христијани, да не се плашиме да го ставиме својот живот во служба на мирот и правдата, да не се плашиме од Христовиот Крст кој е дрво на животот и извор на секоја радост и мир. Воскреснатиот Господ е постојано присутен во својата Црква. Тој е со нас до крајот на светот. На сите им посакувам среќен Велигден! Христос воскресе! Алилуја!, стои во велигденската честитка на скопскиот бискуп и струмичко“, скопски епарх, Киро Стојанов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верува дека историскиот, социјалниот и политичкиот подем на Русија на светската сцена дојде со нејзиното  пристигнување во Русија и затоа оваа држава има водечка улога во православниот свет.

ОВАА ИКОНА НА МАЈКА БОГОРОДИЦА ТРИ ПАТИ ЈА СПАСИЛА РУСИЈА: Таа е заштитник на Русите!!

Иконата на Богородица Владимирска е една од најпочитуваните и светите икони на Православната...