Кацарска како судија стана позната по тоа што води маратонски рочишта за сите случаи на СЈО за поранешни функционери на ВМРО - ДПМНЕ но и за 27-ми април и дели огромни казни

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 9:50

Кацарска наградно нов “шеф” на скопска Апелација?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во септември ќе биде изборот на новиот претседател на скопскиот Аплеционен суд, при што првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџоски, изјави дека до крајот на месецот, покрај новиот шеф на второстепениот суд, ќе се изберат и судија кривичар во Апелација и во Врховниот суд.

Караџоски вели одолговлекување нема, образложението го гледа во недоволно мнозинство членови на Советот, поради годишните одмори.

„Со оглед на тоа што таму беше завршено повтореното оценување, таа постапка е завршена, уште од еден или од двајца судии немаме повратно добиено дека ги добиле одговорот по одлуката на второстепената комисија за приговорите коишто ги донесоа, така што и во оваа ситуација, ја користам можаноста да ги деманрирам некои изјави дека ја одолговлекуваме работата како Судски совет, дека не извршуваме избор, се создаваат веќе услови“, изјави претседателот на Судски совет, Зоран Караџоски.

Кој од 11 кандидати ќе седне на шефовската фотелја во Апелација ќе одлучат членовите на Судскиот совет?

Моментално, од матичниот суд за В.Д. претседател Советот ја назначи судијката Лидија Димчевска, којашто воедно е и кандидат за првата позиција од Апелација. Покрај судии од Апелација, за шеф на второстепениот суд се токмат и од судиите Добрила Кацарска, Огнен Ставоров, Гордана Спиревска и Весна Димишкова од Кривичниот суд но и Лазар Нанев од кавадаречкиот суд, којшто беше дел од работната група за увид на АКМИС Системите.

Покрај нов претседател на скопска Апелација, во Судскиот совет треба да одлучува и за одговорноста на петтемина врховни судии, кои му го укинаа притворот на бизнисменот Сеад Кочан, обвинетиот во случајот „Труст“ на Специјалното обвинителство. Постапката е е затворена за јавноста. Но, кога ќе се најде на дневен ред, одговори нема ниту Караџоски. Вели, опструкции нема.

„Нема за поединечни постапки да одговарам, затоа што тоа и согласно законот не можам бидејќи е од доверлив карактер. Сите доверливи постапки се во тек, се избрани комисии соласно законот за судски совет тие комисии си ја извршуваат својата работа а тие треба да одражат расправа и кога ќе ја завршат постапката согласно законот за судскиот совет, по одржаната расправа треба да поднесат извештај до Судскиот совет“, изјави Караџоски.

Сепак, не се знае дали за одговорност на петтемина судии од Врховен, ќе одлучува актуелниот состав на членови на Судскиот совет, бидејќи на голем дел од нив мандатот им истекува во декември. Меѓутоа, според постојната законска регулатива огласот се распишува три месеца порано.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.