Правниот систем во Македонија, познава обвинето лице, кое е невино се додека не се покаже поинаку, а и тогаш, важат правата за мајчинство

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 12:03

Кацарска на доилка ќе и суди до 22 часот?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако судијката Кацарска денешното одвоено судење за “Тенк” случај на СЈО за набавката на владиниот мерцедес, за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкилоска го започна со желби да и е живо и здраво детето, како и дека ќе се договорат за паузите за мачинските обврски, расположението траеше кратко.

Имено во Кривичниот суд во Скопје денеска од почеток стартува судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е една од обвинетите во предметот „Тенк“.

Во судницата присутна е обвинетата Јанкулоска, а претседателка на Судечкиот совет е судиката Добрила Кацарска.

На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка бидејќи имаше ризична бременост и беше на породилно боледување.

Случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинтелство се однесува за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра. За овој случај веќе е осуден поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор.

Кацарска дозволи паузи од 2 часа, иако истакна дека дозволени по Закон се само паузи од час и половина, но реагираше на барањето на адвокатот на Јанкулоска да се суди во работно време на судот, затоа што ова не е притворско судење, на што Кацарска избувна и рече дека ако сака ќе суди и до 22 часот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.