Севернокорејскиот лидер не е виден во јавноста од 11 април, кога тој одржа состанок на политичкото биро на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја.

Објавил: admin@magazin | 26 април, 2020 13:28

КИМ ЏОНГ-УН ВО СТАКЛЕН КОВЧЕГ: Лидерот на Северна Кореја во шокантно издание (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ким Xонг-Ун е главна тема во светот поради гласините за неговото лошо здравје па дури некои од странските медиуми изјавија дека починал. На Твитер осамна наводна фотографија на севернокорејскиот лидер каде лежи во стаклен ковчег.

Поточно, нејасна фотографија покажува дека личност која личи на севернокорејскиот лидер лежи во стаклен ковчег, но нема потврда дали станува збор за фотомонтажа или не.

Додека светот ги следи информациите за здравствениот статус на водачот на Северна Кореја, Ким Jонг-ун и се прашува што се случува во Северна Кореја, државниот весник Родонг Шинмун објави денес дека Ким изразил благодарност до градежните работници кои работат на модернизација на градот Самјонг, пренесува ТАС С. 

„Врховниот лидер Ким Јонг-ун им се заблагодари на работниците кои искрено и со сето срце придонесоа за создавање на градот Самјонг“, пишува весникот, не прецизирајќи, меѓутоа, детали за тоа кога е испратено писмото и каде се наоѓа Ким.

Во градот е роден таткото на Ким, Ким Јонг-ил, кој управуваше со земјата пред него.

Во последните неколку дена се појавија информации дека Ким поминал низ кардиоваскуларна операција и по не успешниот зафат тој е во „вегетативна состојба“, но тие информации не се официјално потврдени.
Севернокорејскиот лидер не е виден во јавноста од 11 април, кога тој одржа состанок на политичкото биро на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.