Др, Томпсон, поранешен службеник на Министерството за одбрана на САД и предавач на Националниот универзитет во Сингапур, рече дека таквата сцена е многу ретка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2020 10:02

Кинеска подморница мистериозно изчезна од радар! Итно се огласи американскиот воен службеник и откри: Кинезите имаат страв од една работа!

Фото/Текст извор: ©ало.рс

Кинеската подморница е снимена како влегува во тунелот на подземната база на островот Хаинан во Јужното кинеско море. На снимката се гледа нуклеарна подморница, најверојатно „тип 093“, влегувајќи во Јулин тунелот на поморската база.

Во коментарите под видеото на социјалните мрежи се споредува сцената со филмовите на Џејмс Бонд или со подморницата „Наутилус“ од романот „20 000 милји под морето“.

Др, Томпсон, поранешен службеник на Министерството за одбрана на САД и предавач на Националниот универзитет во Сингапур, рече дека таквата сцена е многу ретка.

Она што не е невообичаено е кинеската подземна база. Томпсон вели дека Пекинг на тој начин го крие својот воен хардвер, од подморници до копнени ракетни системи.

– Кинезите имаат огромно искуство во градењето подземни постројки. Ова е во согласност со нивната стратегиска доктрина и култура, особено кога станува збор за брегот. Тие имаат вроден страв од ранливоста на нивните брегови – рече Томпсон.

Базата Јулин, во јужниот дел на островот Хаинан, на околу 470 километри југоисточно од Хонг Конг, е клучна кинеска инсталација за заштита на поморските капацитети во Јужното Кинеско Море. Што се однесува до подморницата, Томпсон истакнува дека нивното присуство не испраќа посебен сигнал.

– На крајот, тие имаат голема и растечка флота подморници што се подобрува во квалитетот и кои ги чуваат подалеку од јавноста, така што ги штитат во подземните објекти – вели Томпсон. Тој додава дека останува отворено прашањето дали Кина станува нова поморска велесила?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести