Генералниот Секретар на СДСМ, Кирацоски повторно во афера за богатење, овој пат како ортак на претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, Танески во сферата на угостителството

Објавил: Мартин Попоски | 16 септември, 2018 9:02

Кирацоски нов сопственик на “Рагуза”?

Фото/Текст извор: ©охридскај.ком

Во екот на големата борба “Излези за Европска Македонија”, се одвива нова криминална европска партиска малверзација за зголемување на имотот на дел од партиските челници на СДСМ.

Имено, претседателот на ОО на СДСМ Охрид Лазе Танески и Генералниот Секретар на СДСМ, Александар Кирацоски, како дознава Охридскај.ком неодамна навлегле и во угостителството откако станале сопственици на елитниот реторан “Рагуза” во центарот на Скопје.

Познатиот ресторан “Рагуза”, во сопственост на познатиот угостител М.Г., а кој беше земен под закуп од Сојуз на Синдикати на Македонија, досега, со годишна кирија од 50 илјади евра, претседател на ССМ, Д.Д., заедно со претседателот на Синдикат за одбрана, Р.А. стокмиле план во хотел “Лаки” Охрид, како по секоја цена познатиот ресторан во Скопје “Рагуза” да го дадат без претходен било каков договор од ССМ без јавен договор на фирмата на Лазе Танески “Теди Комерц” Охрид, а која фирма наводно се јавувала како доверител на ССМ по основ на угостителски услуги?!

Редакцијата го контактираше досегашниот сопственик на “Рагуза”, М.Г. кој телефонски за редакцијата на ОхридСкај ја даде следната изјава:

“Ова што се случува е најстрашен чин. Јас имав договор со ССМ и со Република Македонија, за 10-годишно користење на деловниот простор сопственост на ССМ, и на 200 метри квадратни тераса, чие земјиште е сопственост на РМ. Договорот со ССМ заврши на 01.07.2018 година, за што јас плаќав 50 илјади евра годишен закуп на ССМ редовно секоја година, а додатно плаќав закуп и за земјиштето кое се користеше како тераса на РМ.

Веднаш по формирањето на новата Влада од страна на генералниот секретар на СДСМ Кирацоски и на претседателот на Синдикатот на ССМ, Димовски, ми беше кажано преку посредници дека ќе летам и дека објектот ќе го земат Кирацоски и Танески.

На моето барање за продолжување на договорот за закуп со ССМ од страна на ССМ и претседателот Димовски немав одговор. На ден 01.08.2018 година од страна на извршител Р. Р. од Скопје без претходна било каква судска пресуда добивме извршен акт за иселување и рушење на сите пропратни содржини внатре во ресторанот, но да биде уште поголема иронијата во извршното решение издадено од извршителката Р.Р. се бара присилно мое рушење и на тересата која не е сопственост на ССМ, туку е сопственост на РМ. За преземеното дејствие, изготвување на извршно решение, извршителката присилно ми наплати на име на извршителска награда фантастични 610 .000 денари или 10 илјади евра, по кој тарифник никој не кажа.

За овие настани запознаени се сите, дури запознаен е и премиерот Зоран Заев. Во моментов се наоѓам во Хрватска, додека на мој трошок се врши рушење и иселување од објектот “Рагуза” кој треба веднаш да го предадам на новиот сопственик. Во понеделник доаѓам во Македонија и за истиве настани ќе ја известам целата македонска јавност – истакнува досегашниот сопственик на “Рагуза”.

Додека во Македонија на големо се одвива кампањата “Излези за Европска Македонија”, Таневски секојдневно е во Скопје, најверојатно со Кирацоски бираат нова боја и нов инвентар за “новиот” објект.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести