Директорот на националниот медиум, Кировски, и на социјалните мрежи со навреди за личното мислење, кое го оцени со српската поговорка "Мишљење је као дупе! Свако га има!"

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 октомври, 2018 11:44

Кировски со закани и навреди кон вработените на ТВ Телма?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Директорот на националната приватна телевизија, ТВ Телма, Атанас Кировски, лично ја потврди автентичноста на известувањето до вработените дека им се забранува личен став на социјалните мрежи и приватно.

Имено во текот на вчерашниот ден, на социјалните мрежи се постираше извесно известување потпишано од Кировски како директор на Телма во кое стои:

Вработените во ТВ Телма ја претставуваат во јавност телевизијата.

Било каков политички став, коментар, или мислење на одредени теми се интерпретираат како став на телевизијата, а не како личен став на вработените во ТВ Телма.

Од тие причини се забрануваат коментари, мислења и анализи на фејсбук профили, твитер и други социјални мрежи или медиуми, кои не се одобрени од уредничкиот колегиум на ТВ Телма.

Во иднина било каков коментар ќе биде санкциониран.

(во потпис Одговорен уредник, Атанас Кировски)

Ова внесе гнев кај вработените во медиумот, дотолку повеќе што се однесува на целокупниот колектив а не само на новинарите и уредниците. 

Кировски ова не го негира, дотолку повеќе се исмеа на сметка на вработените, па се огласи со свој став на социјалните мрежи.

Тешко е неписменоста, глупоста и некомпетентноста во Македонија да не те изнервираат, иако за жал, тоа е нашето секојдневие. И секој си дава за право да ти кажува како да ја вршиш твојата работа, иако, се рaзбира нема поим од тоа. За една работа Србите се во право: “Мишљење је као дупе! Свако га има!”.

Кировски пред ова, имаше и подолго објаснување на социјалните мрежи, за своето искуство кога бил вработен во Би Би Си, и дека тоа е неговата новинарска школа, англиска, и дека нема намера на секого да му се објаснува кој е ставот на уредништвото на телевизијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.