Италијанската и светска актерка филмска дива и легендарната Клаудија Кардинале е лауреат на Специјалната Златна камера 300 на ИФФК "Браќа Манаки" во Битола

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 август, 2018 10:37

Клаудија Кардинале во Битола на ИФФК “Браќа Манаки”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Италијанската и светска актерка филмска дива и легендарната Клаудија Кардинале е лауреат на Специјалната Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 39-тото издание на Интернационалниот Фестивал на филмската камера “Браќа Манаки” 2018-та во Битола. 

Клаудија Кардинале е Италијанка родена во местото “La Goulette” во Тунис 1938 година. Студирала во “Paul Cambon School” со намера да стане наставничка. Но на 19-годишна возраст победила на натпреварот “Најубава Италијанка во Тунис” и освоила наградно патување на филмскиот фестивал во Венеција каде го го добила првиот филмски ангажман.

Нејзиното деби била една помала улога во “Gоna” (1958) заедно со Омар Шариф. Таа станува особено позната во Италија по славниот филм на Федерико Фелини “Rocco and his brothers” (1960). Во годините што следат Клаудија Кардинале ги снимила некои од најважните филмски остварувања во историјата на светската кинематографија. 

На 25 годишна возраст во 1963 година таа ги снима филмовите “Leonard” на Лукино Висконти и “8 1/2”  на Фелини два ислучително значајни филмски класици. Но тука е и познатиот “Cartouche” со Жан Пол Белмондо. Нејзината импозантна филмографија  бележи повеќе од 175 улоги во филмови телевизиски серии и краткометражни филмови но Кардинале е неуморна и вљубена во филмската уметност па нејзиот најнов филм “Piccolina Bella” (2017) е во постпродукција.

Во 1963 година нејзината уникатна актерска игра и маракантна појава ги преминува границите на Италија и Кардинале станува светска ѕвезда по улогата во “Pink Panter”Следните неколку години таа се сели во Холивуд каде ги снима “Blindfold” (1965) “Lost Commandаn” (1966) “The Professionals” (1966) “The Hell With Heroes” (1968) и култниот епски вестерн на Серџо Леоне “Once Upon a Time in West” (1968), американско – италијанска копродукција со Џејсон Робардс – Чарлс Бронсон и Хенри Фонда.

Во нејзината долга и богата кариера Кардинале глумела покрај филмските партнери како Марчело Мастројани – Франко Неро – Берт Ланкастер – Шон Конери – Рок Хадсон – Ален Делон – Енони Квин – Џон Вејн и Дејвид Нивен. 

Не сакајќи да стане холивудско клише Клаудија повторно се враќа во Европа каде ги снима  “Il Giorno Della Civetta” (1968) за кој ја добива наградата “David di Donatello” за најдобра женска улога и “A Girl In Australia” (1971). Во 1974 година го среќава режисерот  Паскал Сквитијери се мажи за него и често игра во неговите филмови.

За филмот “Claretta” (1984) ја освои наградата “Pasinetti” за најдобра женска улога на Филмскиот фестивал во Венеција а во 1994 година го добива Златниот лав за животно дело. Ја славеле и фестивалите во Кан и Берлин.

Во 2011 година беше прогласена за една од 50- те најубави жени во филмската историја. Клаудија Кардинале во својата исклучително богата кариера има освоено над 35 награди и признaнија на значјани светски филмски фестивали. Во 2016 година официјалниот постер на филмскиот фестивал во Кан беше со ликот на Калудија Кардинале. Таа е позната како борец и активист за женските права и од 2000 година е Амбасадор на добрата волја на УНЕСКО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...