Ваквата награда Фулбрајт за животно дело се доделува од пред 19 години, односно првата награда беше доделена во 2000 година на поранешни стипендисти чија кариера, како што се вели, обезбедува инспирација и служи како пример и илустрација за моќта, влијанието и вредностите на Фулбрајт програмата за размена на студенти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 октомври, 2019 10:26

Колинда е добитничка на наградата Фулбрајт за животно дело

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателката на Хрватската Колинда Грабар-Китаровиќ во саботата во Вашингтон ја доби наградата Фулбрајт за животно дело, велејќи дека признанието е привилегија и задоволство, пренесува „Хина“.

Колинда Грабар-Китаровиќ е хрватски дипломат и политичар. По победата во вториот круг на 11-ти јануари 2015 година на хрватските претседателски избори во 2014-2015, против претседателот социјалист Иво Јосиповиќ таа ќе стане 4-тиот претседател на Хрватска на 19 февруари 2015 година. Таа е првата жена претседател на Хрватска.

„Гордa сум што оваа награда вечерва имам можност да ја посветам на моето семејство и мојата земја“, рече Грабар-Китаровиќ, која била стипендист на Фулбрајт од 2002. до 2003. година на постдипломската програма за меѓународни односи и безбедносна политика на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Ваквата награда Фулбрајт за животно дело се доделува од пред 19 години, односно првата награда беше доделена во 2000 година на поранешни стипендисти чија кариера, како што се вели, обезбедува инспирација и служи како пример и илустрација за моќта, влијанието и вредностите на Фулбрајт програмата за размена на студенти.

Покрај хрватската претседателка, наградата годинава ја добија и новинарката Мелиша Блок и архитектот Џејм Полшек.

Од 2011 до 2014 година Грабар-Китаровиќ работи како помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО. Таа е првата жена помошник генерален секретар на НАТО. Пред тоа е министер за европски работи (2003-2005) и министер за надворешни и европски работи (2005-2008) во Владата на Иво Санадер и хрватски амбасадор во САД (2008-2011). [4] Таа е член на конзервативната партија Хрватска демократска заедница од 1993 година и е еден од тројцата хрватски членови на Трилатералната комисија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.