Пуховски за порталот Индекс вели дека во вториот круг од претседателските избори кои е закажан за две недели ќе победи актуелната претседателка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 декември, 2019 11:22

Хрватските аналитичари едногласни: Колинда ќе добие втор мандат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Хрватскиот аналитичар Жарко Пуховски по вчерашнииот прв круг од гласањето ан претседателските избори во Хрватска, изјави дека изборите, на кои Милановиќ освои 29,57 отсто од гласови, Грабар-Китаровиќ 26,64, а Шкоро 24,4, всушност ја покажале моќта на двете традиционално најсилни политички партии во Хрватска – ХДЗ и СДП.

Поранешниот премиер Зоран Милановиќ ги победи десничарските кандидати, вклучувајќи ја и актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, во првиот круг на претседателските избори во Хрватска, што се одржаа денеска.

Пуховски за порталот Индекс вели дека во вториот круг од претседателските избори кои е закажан за две недели ќе победи актуелната претседателка.

Изборите покажаа дека станува збор за соочување на партиите. СДП, над сите очекувања успеа да постигне добри резултати, подобри од што покажуваа предизборните анкети, вели Пуховски.

Хрватскиот политички аналитичар Давор Џенеро со истиот став како и Пуховски.

Милановиќ е формално победник во првиот круг од изборите, но неговиот резултат ниту одблиску не е таков што би му давал какви било шанси во вториот круг, изјави Давор Џенеро.

Според аналитичарите победата на еден од кандидатите на претседателските избори во Хрватска,  ќе зависи од гласачите на независниот кандидат Мирослав Шкоро.

 Гласовите од Шкоро, во однос два спрема еден, ќе отидат кај Грабар-Китаровиќ, додека една третина нема да излезат на избори, што ќе биде доволно таа да победи, оцени Пуховски.

Инаку на вчерашното гласање во првиот круг од претседателските избори поранешниот премиер Зоран Милановиќ ги победи десничарските кандидати, вклучувајќи ја и актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Милановиќ, освои 30% гласови а Грабар-Китаровиќ го следи со 27%.

53-годишниот Милановиќ беше премиер на Хрватска од 2011 до 2016 година, како лидер на Социјалдемократската партија.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.