Тој е сопственик и на два стари модели на автомобили Волга ГАЗ М21 како и теренско возило Нива

Објавил: admin@magazin | 13 април, 2019 10:58

Колку пари „врти“ Путин – лани му „паднала“ заработката

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот претседател, Владимир Путин, минатата година заработил 135.000 долари, што е за околу 20.000 помалку отколку во 2017 година, покажува неговата даночна пријава објавена на веб-страницата на Кремљ.

Просечните месечни примања на Путин лани биле 11.200 долари, пренесува руската агенција „Тас-с“.

Владимир Владимирович e роден на 7 октомври 1952 година, руски политичар и актуелен претседател на Русија од 7 мај 2012 година. Путин претходно бил претседател во периодот од 1999 до 2008 година и премиер на Русија во периодот од 1999-2000 и 2008-2012 година. Путин исто така е претседател на партијата Единствена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.

Во пријавата се наведува дека имотот на Путин во текот на изминатата година не се сменил. Тој поседува стан од 77 метри квадратни и гаража од 18 метри квадратни.

Исто така, користи и стан со површина од 153 метри квадратни и паркинг место од 18 квадрати. Целиот имот што Путин го пријавил се наоѓа во Русија.

Тој е сопственик и на два стари модели на автомобили Волга ГАЗ М21 како и теренско возило Нива и камп приколка Скиф.

Приходот на Путин е помал за 20.000 долари поради тоа што во даночната пријава за 2017 година е наведен износ од парите од продажба на земјиште со површина од 1.500 метри квадратни.

На веб-страницата на руската влада е објавена и даночната пријава на премиерот Дмитриј Медведев која покажува дека тој лани заработил 153.975 долари, што е околу 16 отсто повеќе отколку во 2017 година.

Просечната плата на рускиот премиер минатата година била 12.850 долари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.