Сојузот требал да обезбеди локација, проект и одобрение за градба. Рокот од три месеци изминал, а партнерите на Боки 13 му побарале 350 илајди евра назад со пресметани казнени пенали

Објавил: Весна Петровска | 2 август, 2019 17:29

КОЛПЧЕТО СЕ ОДМОТУВА: Потпретседателката на Сојузот на Боки 13 зела 233.000 евра

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Откако вчера новинарот Миленко Неделковиќ со име и презиме ја обелодени Јасна Мандиќ дека и таа рекетирала и перела пари заедно со Бојан Јовановски познат како Боки 13, Телма дознава дека потпретседателката на Сојузот на Боки 13, Јасна Мандиќ и биле исплатени 233 илјади евра со авторски договор.

Пред само само година и половина веста како претседателот на фамозниот Меѓународен сојуз Боки 13 се ракува со бизнисмени и градоначалници ги полнеше насловните страници. Освен јавниот финансиер, битолскиот градежник Силјан Мицески на ГП „Пелистер“, во позадина Боки 13 влечел пари и од други фирми. Идејата за изградба на модерен европски центар за возрасни лица трет во низата предвидени проекти во скопката населба Карпош, ја поддржала струшката фирма ДРИМ БИЛДИНГ ДООЕЛ, договор до кој дојде Телма Телевизија. Во 2018-та градежната фирма од Струга на потпретседатлката на Сојузот на Боки 13, Јасна Мандиќ и исплатиле 233 илајди евра со авторски договор.

Телма го пронајде договорот

За разлика од другите бизнисмени стружаните го обврзале претседателот на сојзуот Боки 13 и му дале рок од 120 – до 180 денови да ги обезбеди сите документи за отпочнување на проектот. Сојузот требал да обезбеди локација, проект и одобрение за градба. Рокот од три месеци изминал, а партнерите на Боки 13 му побарале 350 илајди евра назад со пресметани казнени пенали.

Боки 13 бил сигурен дека ќе гради комплекси. И во Охрид, и во Битола и во скопје се обидувал да дојде до ексклузивни и скапи локации. Во планот тргнал со потпишување на сорабтоки, со општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев, и со Миниситерството за транспор и врски и Горан Сугаервски. Двајцата функционери го ставиле својот потпис на меморандуми и текст во кои стои изградба на проекти.

Општина Карпош негираше дека е оттуѓена локација, и дека е издадена градежна дозвола, а миниситерот за транспорт и врски Горан Сугаревски вели дека го потпишал меорандумот бидејќи во него пишувало дека сорабтока ќе се одвива спроед законски прописи.

Додека обвинителството собира докази како Боки 13 рекетирал бизнисмен за влијание во предмет на СЈО, битолскиот сосптвеник на ГП „Пелистер“ тврди дека не е рекетиран и верувал во идејата за модерен европски дом за пензионери во Битола и Охрид. Парите ги префрлил на име на пензиоенрката Лилјана Тодоровска затоа што знаел дека е нејзина идеја. Доколку не се реализра проектот ќе бара поврат на парите кои досега ги дал, кажа за Телма, иако во договорот не предвидел клаузула со пенали.

И во договорот со Мицески и со ДРИМ БИЛДИНГ ДООЕЛ, пензионерката Лилјана Тодровска од Скопје е наведена како автор на идејата. За Телма таа ќе каже дека е измамена и ограбена, а префрлените пари на нејзината сметка веднаш и ги зеле луѓе блиски на Боки 13, пренесува Телма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.