Овие момци од се срце навива за Вардар иако тоа не е нивни клуб и доаѓаат од Србија.„ Радувај се Македонијо“, „Вардар гордост македонска“, постојано повторуваа Сретен и Стеван.

Објавил: Весна Петровска | 3 јуни, 2019 11:36

КОМЕНТАТОРОТ НА АРЕНА СО СОЛЗИ: Ова е бајка со која родителите во Македонија треба да си ги успиваат децата наредниве 50 години

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Српските коменатори станаа миленици на македонската публика, Сретен Рашковиќ со многу емоции раскажува како го доживеал завршниот турнир во Келн.

– Животот пишува романи, бајки, додека ги коментирав последните пет минути, се трудев да споредам што направи Лестер, што се случи во кошарката и кога… Можеби сум субјективен, но за мене ова е епска приказна, нешто со што скопјаните и Македонците треба да ги успиваат своите деца во наредните 40-50 години, ова искрено го кажувам, ми се полнат очите со солзи, но животот пишува драми, вели Рашковиќ за МКД.мк.

Овие момци од се срце навива за Вардар иако тоа не е нивни клуб и доаѓаат од Србија.„ Радувај се Македонијо“, „Вардар гордост македонска“, постојано повторуваа Сретен и Стеван.

Стеван вети дека Вардар ако освои титула ќе дојде во Скопје на прослава и да ја запознае македонската публика.

– Јас на македонскиот народ му ветив дека обавезно ќе се спуштам долу, ако освојат титула и ветувањето мора да го исполнам. Му реков и на Сретен да си планира, да си подготви средства за патување, така што мора да го одржам зборот. Веројатно и македонската публика ќе го поздрави тоа. На крајот на краиштата, јас жена ми ја побарав на Свети Наум, па малку повеќе сум врзан за Македонија, изјавил Стеван Стевановиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...