Одлуката по скратена постапка да се носи законот за обвинителство следеше после неколкучасовните преговори на Заев, Дескоска, Ахмети и Талат Џафери во Собранието

Објавил: Данаил Михајловски | 11 февруари, 2020 8:59

Комисиската расправа за законот за обвинителство одложена

Фото/Текст извор: ©магазин

Комисијата за европски прашања, која претходно извести дека ќе има седница за законот за јавно обвинителство денес во 10 часот, извести дека истата ќе биде одложена за 13 часот. Образложението е дека поместувањето на комисијата е заради протоколарни обврски поврзани со гостувањето на претседателот на парламентот на Словенија, кој во 12 часот треба да се обрати во македонското Собрание. Претходно, во 10 часот ќе се одржи седницата на комисијата за надворешна полтика на која, по иницијатива на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се расправа за предвремена ратификација на Договорот на Северно-атланската алијанса, иако процедурата на ратификацијата на протоколот за членството на Македонија во НАТО сеуште не е завршена во Шпанија. 

Антонио Милошоски: Владата е фатена во фалсификат, доставува предлог закони до собранието кои воопшто не биле дел од владината седница, ниту како такви биле изгласани согласно деловникот за работа на Владата.

Доцна вчера во прес салата во Собранието на Република Македонија изјава даде пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Тој истакна дека покрај целиот хаос кој денес се случил во Собранието, најчудната вест е дека Владата пратила до Собранието документ кој е фалсификат во кој стоело дека Владата сака да го повлече предлог законот за Јавното обвинителство, без за истиот предлог за повлекување владата да донесе одлука на посебна владина седница, согласно Деловникот за работа. Милошоски истакна дека не може било кој предлог закон да се поднесува или да се повлекува без истиот да е ставен како точка на дневен ред односно без да има одлука на седницата на Влада, како неопходен правен акт. Тука се поставува прашањето дали Оливер Спасовски сам одлучува во името на целата Влада и дали одлучувањето на Владата како колективен орган не е важно, рече Милошоски.

Вчера вечер и министерката Дескоска имаше прес конференција на која реплицираше дека за предлог Законот за Совет на јавни обвинители имало повеќе барања од неколку министри. “Дел беа прифатени, дел не беа прифатени. Со оглед на тоа што во новиот предлог Закон за јавно обвинителство има специфична процедура за избор на обвинител за организиран криминал и корупција, се побара и да се стави правило за избор на обвинтиелите, внатре во организиран криминал со Бадентерово мнозинство и тоа беше прифатено. Текстовите кога се средувале од стручните служби се направени технички грешки и потоа согледавме дека има проблем, па затоа покасно испратен допис во текот на денешниот ден, кој бил примен околу 16 часот во Собранието. По 16 часот не се правени координации меѓу претседателот на Собранието, мене, претседателот Заев и слично – рече Дескоска.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.