Неофицијално од собраниски извори нацрт законот е изготвен, проблем како се шпекулира е што со него не се опфатени тројцата пратеници кои се обвинети а гласаа за уставни измени

Објавил: Мартин Попоски | 11 декември, 2018 6:23

Комисијата за помирување пак “заглави” со законот за амнестија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Правната селекција во подгрупата за помирување и синоќа, по четири одложувања, на својата втора средба го закочи Законот за амнестија.

И покрај присуството на заменик министерот за правда Оливер Ристески на работниот состанок сепак претседателот на телото Рамчиловиќ кој во петокот информираше дека законот наскоро ќе го види светлото на денот сепак кратко брифираше дека останува да се допеглаат правните аспекти на ова решение а подгрупата ќе продолжи со активности и во текот на наредните денови.

Талат Џафери пак на новинарско прашање околу процесот за уставните измени но и амнестијата рече дека го очекува исходот кој ќе произлезе од собраниското тело за помирување кое впрочем и затоа е формирано, и додаде дека станува збор за сериозен процес кој што е условен од многу фактори и затоа постои доза на загриженост кај сите учесници во процесот на уставните измени.

Во тој контекст Вие знаете дека во Собранието е формирано интерпартиска, парламентарна група којашто работи на процесот на помирување, која треба да излезе со конкретни предлози, но очекуваме телото да продолжи со работа. – вели Талат Џафери. 

Пратеникот Костадин Костадинов пак одлагањето на процесот околу изготвувањето на Законот за амнестија го гледа поради честите патувања на членовите на ова тело но и новите идеи кои постојано доаѓаат.

Она што јас го знам е дека поголемиот дел од членовите на телото за помирување се на службен пат во Брисел, знам дека се излезени и некои нови предлози. – изјави Костадин Костадинов.

Законот за амнестија за настаните од 27 април според последните најави на претседателот на телото за помирување Рамчиловиќ требаше да биде официјално изнесен во среда но поради одлагањата во рамките на интерпартиското тело останува да лебди и овој термин.

Позициите засега на најголемите партии остануваат непроменети. ВМРО – ДПМНЕ бара амнестија за сите учесници, додека пак од СДСМ велат нема амнестија за организаторите и насилниците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести