Конго или официјално Демократска Република Конго во 1999 година официјално ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име, став кој нема да биде променет

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 9:27

Конго не ги прифати Данајските подароци од Грција

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поразително е за политичарите од Македонија кога се презентираат факти дека и земји од афричкиот континент кои декади се соочуваат со сиромаштија и беда имаат поцврст дипломатски став.

Имено Демократска Република Конго, во 2008 година ја одби донацијата од страна на Грција за да ја промени позицијата за признавање на Македонија под уставното име.

Во текстот кој пред 10 години го објави Дневник пишува дека Конго со нота ја извести Македонија дека властите во Киншаса остануваат на својата позиција за признавање на уставното име на земјава во согласност со Коминикето со кое двете држави воспоставија дипломатски односи во 1999 година.

Конго или официјално Демократска Република Конго порано позната како Заир, е држава во Екваторијална Африка. Главен град е Киншаса. Независна е од 1960 година. Населението се состои од различни племиња на Банту-црнците (околу 80%), племиња од Источен Судан (околу 14%), Нилотски племиња (околу 2%) и Пигмејци. Религијата е христијанство, муслиманство, анимизам и тотемизам. Службен јазик е францускиот. Главни говорни јазици се свахили, луба, лингала и конгоански.

Конго не се премисли покрај тоа што Грција му понудила воена помош по багателна цена само да ја повлече одлуката на Македонија да и се обраќа под уставното име.

Постојаната мисија на Конго во ОН ја испратила нотата до македонското МНР на 23 октомври 2008 година, по интензивните неколкудневни дипломатски контакти помеѓу официјални претставници на двете земји.

Известувањето од Конго, во МНР го прокоментираа како „крај на кусиот еуфоричен дипломатски успех на официјална Атина“, која објавувала привидни успеси во обидите да издејствува промена во употребата на уставното име на Република Македонија од страна на трети земји.

Грчката офанзива со краток здив запре токму во Конго. – соопштија од МНР.

Официјална Атина му понудила на Конго воена помош од 100 тенка, илјада хаубици и неколку борбени авиони по симболични цени, но Конго тоа го одбил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.