Македонската историја не е дел од бугарската, што и до ден денес е официјална позиција на бугарската историографија.

Објавил: Македонка Димкин | 26 декември, 2019 22:42

Конечно бугарите признаа: Македонија и Бугарија немаат ништо заедничко

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Историјата на Бугарија и историјата на Македонија немаат ништо заедничко, а историјата на Македонија не е дел од историјата на Бугарија.

Ова е официјален став на Советот на Филозофско-историскиот факултет при Софискиот универзитет, кој датира од 1972 година и него го обелоденува извесен Стефан Дечев во подолг текст насловен како „Историја според целесообразноста или целесообразна историја“.

И можеби текстот немаше да предизвика посебно внимание ако не доаѓа во време кога се врши, најблаго речено, извртување на тези околу натамошната работа на Заедничката мешовита бугарско-македонска комисија за прашања од историјата и учебниците.

Но, она што е најзначајно се неколку работи. Прво, доминацијата на политиката врз науката во Бугарија, со што бугарската историја се претвора во вистсинска карикатура, а истовремено се префрла топката во македонскиот двор. Второ, ако тоа е очигледно, тогаш како може во иднина да се очекува научно толкување на историските факти од бугарска страна. Трето, зошто за ова не знаеле македонските политичари, кои ја прифатија одредницата за заедничка историја во Договорот за добрососедство, што сега на нашата страна и тежи како товар околу вратот, а за бугарската е еден од главните аргументи за наметнување на нивната нарација на историјата. И четврто, може ли и како ова сознание да се одрази врз натамошната работа на мешовитата комисија.

Стефан Дечев: Дури и ако македонските толкувања на јазикот од средниот век и 19 век се тенденциозни, зошто е невозможно да се препознае постоењето на стандарден македонски литературен јазик? Стефан Детчев е вонреден професор по модерна и современа бугарска историја и историографија на Југо-западниот универзитет во Благоевград, Бугарија и предавач по историја на машкоста на Универзитетот во Софија. Неговите интереси ја опфаќаат историјата на политичката култура, национализмот и идентитетот.

Дечев во текстот во детали ја објаснува ситуацијата како е дојдено до заклучокот на Советот на Филозофско-историскиот факултет. Според него, клучно значење има лавирањето кај бугарските историчари во тоа време околу користењето на термините нова и најнова бугарска историја, што си е, сепак, нивна работа.

Во 1972 година, Факултетот преку бугарскиот Службен весник објавува оглас за вработување асистент за „нова и најнова бугарска историја“. Се очекувало на него да се јави само еден кандидат и тоа извесен Стефан Дојнов, кој бил адут и на власта и на Советот на факултетот. Но, на конкурсот неочекувано и непосакувано се јавува и втор кандидат во името на Костадин Палешутски. Истиот тој Палешутски пред истиот тој Совет ја одбранил дисертацијата на тема „Македонското прашање“, по што добил звање „кандидат на историски науки“, што денес соодветствува на доктор по историја.

Дечев притоа потсетува и на тоа дека според тогашниот Правилник за примена на Законот за високо образование се предвидувало предност за кандидатот кој има одбрането дисертација во „истата област“. И нормално, Советот требало да одговори на пројавената дилема дали Палешутски бил истражувач од „истата област“.

За да се реши појавениот проблем со двајцата пријавени кандидати била формирана специјална комисија. Нејзината работа се соочува со дилема-или да прифати дека историјата на Бугарија и историјата на Македонија немаат ништо заедничко, а историјата на Македонија не е дел од историјата на Бугарија или дека ќе биде тешко да се негира, македонската историја не е дел од бугарската, што и до ден денес е официјална позиција на бугарската историографија. Не можејќи да одлучат, членовите на комисијата се обраќаат до тогашното Министерство за образование и наука од каде, пак, добиваат одговор дека треба да одлучи Советот на факултетот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.