Заев по вторпат жртва на пренкери

Објавил: Узунов Бобан | 10 јули, 2019 9:05

(аудио) Слушнете како Заев беше наседнат и од македонски прeнкер

Фото/Текст извор: ©магазин

Деновиве премиерот Зоран Заев е во екот на скандалот со руските пранкери кои претставувајќи се како поранешниот украински претседател Порошенко и  генералниот секретар на НАТО во три наврати во период од една година разговарале со него. 

Разговорот беше објавен вчера и силно одекна во јавноста со оглед на тоа дека во дел разговорите одредени кругови  оценија дека премиерот оддал сензитивни и безбедносни информации, а пратеникот Антонијо Милошоски го оцени како дипломатски скандал. 

Но премиерот Заев бил жртва и на македонски пренкер. Во декември 2012 година во телефонски разговор изјави дека „ќе се пука“ откако новинарот од порталот нетпрес се претставил како член на СДСМ и телефонски го прашува што ќе се прави за изборите, а тој одговара дека најверојатно ќе се пука доколку локалните избори се одржат во закажаниот период.

Тогаш потпретседател на СДСМ, Зоран Заев, за  потврдил дека на лице кое лажно се претставило дека е шеф на општинска организација, навистина му кажал дека ќе има пукање.

– Точно е дека реков дека ќе има пукање. И вас ќе ви повторам: Да, навистина ќе има пукање! После она што се случи во понеделникот пред Собранието, но и во Парламентот, јас очекувам сега навистина да пукаат по нас. Тоа беше смислата на она што го кажав.

Го поздравувам уредникот на Нетпрес и го советувам следниот пат, кога ќе сака од мене изјава за било што, да ми се јават без лажно претставување. И сега, да ми се јавеа, ќе им го кажев истото ова што ви го кажав и на вас – изјавил тогаш Заев. 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести