Како што рече министерот Филипче, во Дебар и во Центар Жупа ќе биде прогласено кризна состојба.

Објавил: admin@magazin | 13 март, 2020 15:05

КОРОНА ВИРУСОТ НЕ ЗАПИРА: Четворица нови заразени, кризна состојба во Дебар и Центар Жупа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Четири нови случаи на корона вирус се потврдени во Република Македонија, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Министерот на прес конференцијата рече дека станува збор за лица од Дебар, кои биле во контакт со втората група заболени.

-Денеска на седницата Владата утврди дека ќе се воведе кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа.

Пациентите се стабилни, освен пациентката од Дебар, која има дополнително влошување на состојбата и е на граница за ставање на апарат за механичка вентилација. Денес од Дебар дојдоа уште 10 лица кои се во врска со втората група на хоспитализирани пациенти, кои покажале знаци за горно распираторно заболување. Четири се позитивни.
Одлука за ограничување на движење на луѓето во овие општини, во и надвор од истите. Во следните 24 часа закажавме седница на комисијата за заразни болести за да се разработи оперативен план, детали како ќе се функционира на овие места.

Вкупно досега има 13 заболени, од кои првата пациентка е негативна на повторниот тест и утре треба да биде пуштена на домашно лекување.

Во однос за докторката не знам каква била комуникацијата со организаторот, рече Филипче.

Не можеме да знаеме и да бидеме сигурни со која динамика и како ќе се шири вирусот кај оние кои биле на симпозиумот. Имаме 12 лиѓе кое биле 20 часа со пацинетка во минибус и никој не заболеле, а имеме и друга ситуација како оваа во Дебра каде има позитивни лица. Имате луѓе со висок, среден и низок ризик. Колку пати треба, толку пати ќе повториме, јавното здравје и врвен приоритет и сите строго да ги почитуваат мерките“, рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.