Покрај амбасадорот Дедај, Морина претходно го посетија двајца дипломати вработени во амбасадата на Косово.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 август, 2019 14:04

Косовскиот амбасадор Дедај: “Морина е многу задоволен од третманот во Македонија„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерг Дедај, денес го посети поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина и веднаш после посетата се огласи на социјалните мрежи, во кој се заблагодари на управата на притворот во Шутка за нивниот фер третман, што им го овозможиле за посетата на Морина.

Косовскиот амбасадор Дедај се заблагодари на управата на притворот Шутка во Скопје, за нивниот фер и пријателски третман, што ја овозможил нивната посета на поранешниот војник на ОВК, Томор Морина.

Тој напиша дека Морина е во многу добра состојба, смирен и самоуверен и тврди дека се чувствува невин.

„Им се заблагодаруваме на институциите на Република Северна Македонија, Управата на притворот Шутка во Скопје, за нивниот фер и пријателски третман, што ни ја овозможи нашата посета на поранешниот војник на ОВК, Томор Морина, претходно приведен од македонските власти. Томор беше многу смирен, се чувствуваше целосно невин, достоинствен и оптимист, чекајќи ослободување, бидејќи правдата е на негова страна и очекуваме многу брзо, тој да се врати кај семејството и во Косово! “ напиша амбасадорот Дедај.

Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина, учесник во борбите во Косово, пред неколку недели беше уапсен во нашата земја на граничниот премин Блаце.

Од МВР потврдија дека Морина е уапсен по барање на Србија, поради сомнение за учество во воени злосторства против цивилното население на Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.