Српските медиуми денеска информираа дека министерката за надворешни работи на Гана Ширли Ајоркор Бочуај, за време на престојот во Белград, изјавила дека нејзината земја ќе ја преиспита одлуката за признавање на независноста на Косово.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 август, 2018 19:46

Косовското министерство за надворешни: Србите лажат!?

Фото/Текст извор: ©мagazin.mk

Попладнево министерството за надворешни работи на Косово соопшти  дека со Гана има мошне добри односи, кои бележат само напредок од самиот почеток на признавањето на косовската независност.

Соопштението доаѓа по посетата на министерката за надворешни работи на Гана на Белград, каде наводно се разговарало за можноста оваа земја да го повлече признавањето на Косово.

Министерството кое го води Беџет Пацоли, во денешното соопштение потсети дека „покрај постојаното градење мостови на пријателство меѓу двата народи и отворањето нови можности меѓу двете земји, во јуни годинава е акредитирана нерезидентната амбасадорка на Гана во Косово, Салма Франсес Мансел.

МНР на Косово смета дека другите известувања, надвор од тие за добрите и стабилни односи меѓу Косово и Гана, се едноставно продолжување на српската пропаганда со лажни вести – се вели во соопштението.

Српските медиуми денеска информираа дека министерката за надворешни работи на Гана Ширли Ајоркор Бочуај, за време на престојот во Белград, изјавила дека нејзината земја ќе ја преиспита одлуката за признавање на независноста на Косово. 

Иако земјите членки на ЕУ индивидуално одлучуваат околу тоа дали ќе го признаат Косово, со консензус ЕУ ја створи мисијата Еулекс која треба да обезбеди мир и да продолжи со посматрање. Поради спорот со Советот за безбедност на ОН, мисијата на Обединетите нации на Косово УНМИК и нејзино делумно предавање на Еулекс се соочи со потешкотии.

Косовската декларација за независност од Србија беше спроведена на 17 фебруари 2008. Меѓународните реакции беа мешани и светот продолжува да биде поделен во врска со меѓународното признавање на Косово.

Од 16 март 2013 Република Косово доби 101 дипломатски признавања како независна држава. Од тие, 99 од 193 (51,3%) се од земји членки на Обединетите Нации, 22 од 27 (81%) членки на ЕУ, 24 од 28 (86%) земји членки на НАТО како и 32 од вкупно 57 (56%) држави членки на Организацијата за Исламска соработка кои го признаа Косово. Владата на Србија официјално не ја признава независноста на Косово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.