И Грчката влада се активира во кампања "за" успешен референдум, но не дома, туку во земјата која за нив нема име, ама мора да се вика Северна Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 септември, 2018 10:34

Коѕијас: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент и тоа од нашата Влада

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчкиот министер објаснува дека е свесен за ставот на коалицискиот партнер во владата, Панос Каменос, но тоа нема да биде пречка за ратификација на договорот со Македонија.

Имам предвид што вели коалицискиот партнер во владата, но одлуките во владата се носат од мнозинство и многу е јасно кој го изразува апсолутното мнозинство. Коалицискиот партнер е секогаш многу продуктивен и корисен, за ова прашање има негови позиции, сака да ги искажува, тоа е негово демократско право.

Но, повторувам уште еднаш, грчката Влада ќе го донесе договорот во Парламентот, во Парламентот има мнозинство и ова го кажав уште лани, дека нема да се изгласа од мнозинство партии, туку од мнозинство пратеници, рече Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија ја повика Нова демократија, кога ќе дојде договорот во Парламентот, да не ја напуштат седницата, туку да останат и да им дадат можност на нивните пратеници секој да гласа онака како што сакат.

Во однос на закажаните протести во Солун против Договорот од Преспа, Коѕијас вели дека демонстрациите се демократско право на граѓаните, но доколку се во уставните и законските рамки.

Протестите се демократско право на граѓаните и еден човек како мене кој од 15 години протестираше за различни прашања, како што е кипарското, би бил последниот што ќе го оспори ова право. Второ, на протестите има  екстремно десничарски сили, кои сакаат да го претворат во друг вид, секако дека и ова постои. Трето дека се мешаат црковни и парацрковни кругови, кои не треба да се мешаат, е, исто така, вистина.

Но, втората и третата вистина не го одземаат демократското право, во рамки на Уставот и на легален начин секој да го изразува своето мислење, неговото несогласување, па дури и неговата загриженост за едно прашање, објасни Коѕијас.

Во однос на реакциите во северниот дел на Грција, шефот на грчката дипломатија рече дека од грчката Влада и силите што ја поддржуваат „потребна е поинтензивна кампања што ќе ги објаснува придобивката и високиот квалитет на договорот“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.