Дебатата се водеше меѓу Коѕијас и публиката во салата, која кон него дофрлуваше погрдни зборови.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 мај, 2019 17:01

Коѕијас за влакно не бил претепан од Грците во Германија поради Преспанскиот договор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот шеф на дипломатијата на Грција, Никос Коѕијас за влакно избегна тепачка, откако вчера се водеше жестока дебата во Минхен.

Дебатата се водеше меѓу Коѕијас и публиката во салата, која кон него дофрлуваше погрдни зборови, а за да биде полошо во еден момент се заканија и дека ќе го истепаат а како што пренесуваат медиумите наводно за ваквото незадоволство кај Грците во Германија бил Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија.

Поранешниот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас за малку избегна тепачка додека држел говор пред Грците во Германија

Поранешниот шеф на дипломатијата на Грција, Никос Коѕијас денеска возврати на погрдните зборови на оние кои извикуваа по него велејќи дека тие се „десничари и фашисти“.

Ккао што објавија медиумите Коѕијас за време на говорот во Минхен бил жестоко обвинет од Грците во Германија но и од претставници на „македонски организации“ кои му дофрлаа навредливи зборови. Тие го критикуваа Преспанскиот договор и го нарекоа „бласфемија“.

Откако веќе ситуацијата станала неподнослива а Коѕијас бил спречен да продолжи со говорот, сите кои довикувале за време додека тој зборувал биле отстранети од настанот.

По три часа разговори и давање аргумент по аргумент на прашања од фашисти и екстремисти тие почнаа да се закануваат со насилство. Масата се сврте против нив и ги избрка од настанот“, објави Козијас на Твитер.

Инаку весникот „Ефимерида“ излезе со напис дека Коѕијас не е првиот политичар што ги нарекува фашисти оние кои се против Препанскиот договор. Од весникот додаваат дека истомисленици на Коѕијас е и  Христос Јанулис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.