Коѕијас потврди дека одложената ратификација е чудна одлука, но и дека министерството за Македонија и Тракија ги злоупотребило парите од црните фондови за пропаганда

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 10:11

Коѕијас го најави падот на владата на Ципрас

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Коѕијас во интервју за грчкото радио „Њуз247“ рече дека во грчкиот парламент постои мнозинство и за ратификација на Договорот, но и мнозинство за една поинаква влада.

Прашан за неформалниот договор меѓу коалиционите партнери во грчката влада Ципрас и Каменос, во март, одново да разговараат за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, Коѕијас рече дека роковите се одредени во самиот договор кој предвидува дека веднаш по трите процедури во Македонија, односно како што објасни, „гласањето за договорот во собранието, кое што е направено, референдумот, што е завршен и промени во Уставот, кои што се направени, дека веднаш потоа во временски период од 2-3 дена треба да дојде во грчкиот парламент“.

Грчкиот парламент ако сака може да го помине за 1 седмица, односно да го однесе на комисиите, а потоа на пленарна седница. – рече Коѕијас.

Тој оцени дека веројатно е до крајот на декември или до средината на јануари во Скопје да се заврши процесот на уставни промени и истакна дека за Грција би било лошо доколку не ги почитува предвидените рокови.

Треба да ве потсетам дека владата на ПЈРМ има направено многу работи, тешки работи за да го задржи временскиот рок на Договорот од Преспа. Би било лошо за нашата земја да го прекрши временскиот рок поради било која внатрешна причина. Не би било добра слика за нас на меѓународно ниво. – рече Коѕијас.

Во однос на изјавите како од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, така и од заменик министерката за цивилна заштита Катерина Папакоста која побара да се достави толкувачка изјава во однос на јазикот и државјанството, Никос Коѕијас вели дека „во меѓународните договори нема такви работи“.

Во Грција сите сакаат да водат надворешна политика, бидејќи мислат дека е лесно. Госпоѓата Папакоста и таа зема да води надворешна политика. -рече Коѕијас.

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција истакна дека „постојат 4 работи од правна природа кои што се поврзуваат со Договорот од Преспа“ и имале една заедничка цел, „со закани и уцени да го спречат создавањето и ратификувањето на Договорот од Преспа“.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија ги спомена и заканувачките писма и куршуми испратени до него. Како што самиот откри му биле испратени ќеси со крв, за кои му велеле дека тоа е крвта на неговата внука и на неговата ќерка, „земја полна со крв, земја полна со куршуми и експлозиви, 300 писма и заканувачки телефонски повици“.

Според Коѕијас, сите овие работи, кои што се поднесени до обвинителството во неговата тужба, се поврзуваат со Договорот од Преспа.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија рече дека во грчкиот парламент ќе достави предлог закон за контрола на „тајните фондови“ како што е случај со оние од Министерството за надворешни работи.

Тој истакна дека тајни фондови нема потреба да постојат за одредени министерства, а како на пример го спомена Министерството за Македонија и Тракија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.