Каменос распали по Сириза и побара претседателот да ја укине Преспанската спогодба, го обвини Коѕијас за сомнително финансирање а Бакојани за идеен творец на Северна

Објавил: Мартин Попоски | 16 декември, 2018 15:05

Каменос распали по Коѕијас но и Бакојани, знам кој прв предложи “Северна”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, го повтори своето противење на Преспанскиот договор повикувајќи го претседателот Прокопис Павлопулос да го повика Советот на политички претседатели.

На Советот побара да ја укине спогодбат доколку таа „не ја заштити Грција од иредентизмот на својот северен сосед“ .

Каменос, кој зборуваше на Конгресот на младинската партија рече дека неговата партија, десно популистичката Независни Грци (АНЕЛ), ќе се повлече од коалицијата со Сириза и дека министрите од АНЕЛ ќе поднесат оставка.

Но додаде дека ако опозициската Нова демократија поднесе барање за изгласување на недоверба на владата, тој нема да гласа за тоа.

Договорот за името ја подели земјата и има негативно влијание, инсистираше Каменос.

Каменос, исто така, ја нападна поранешната министер за надворешни работи и пратеник на Нова Демократија, Дора Бакојани, сестра на опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис, велејќи дека името “Северна Македонија” е “нејзин производ”.

Исто така, го искритикува и поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коцијас, кој го потпиша Преспанскиот договор летоска.

“Овој човек, за кој не знам од каде ги добива парите, го критикува АНЕЛ. Јас му кажувам директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите како Коциас, неизбрани од грчкиот народ “, рече Каменос.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.