Коѕијас јасен на ставот дека во амандманот XXXVI за член 49 од Уставот не смее да се користи терминот "македонски народ" и дека со тоа веќе е прекршен Препанскиот договор

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 7:21

Коѕијас: Член 49 ќе го погреба Преспанскиот договор, не признаваме македонски народ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, постписник на Преспанскиот договор во име на Република Грција, Никос Коѕијас, со став дека со ваков член 49 во новиот устав, директно се крши Преспанскиот договор.

Коѕијас бара официјална Атина да посвети внимание на амандманот кој го дополнува членот 49 од Уставот на Македонија.

Поранешниот министерот за надворешни работи на Грција и потписник на Преспанскиот договор смета дека дискутабилно е тоа што во дополнувањето на членот 49 стои терминот “македонски народ”.

 Мора да се посвети внимание на амандманот со кој Владата на Заев го дополнува спорниот член 49 од Уставот на соседната земја. -вели Коѕијас.

Со овој амандман во иднина ќе се декларира грижата за културните, економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ и сите наши граѓани во странство.

Па токму спомнувањето на македонски народ за Коѕијас е дискутабилно прашање кое може да се коси со Преспанскиот Договор.

Амандман XXXVI

Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ.

Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство.

Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Со овој амандман се заменува членот 49 од Уставот на Република Македонија.

Од извори од владата на Македонија, дознаваме дека технички не е можно сега да се интервенира во член 49, на што добиле реакции дека Преспанскиот договор е прекршен.

Во моментот сме фокусирани на целосна имплементација на Договорот од Преспа кој е во насока на градење на пријателство помеѓу двете земји и кој ќе придонесе за стабилизација и економски просперитет на целиот регион. – велат извори од Владата.

Во меѓувреме Коѕијас во своето двочасовно излагање во Комотини, Грција кажа дека овој договор е историски, затоа што за прв пат Скопје признава дека нема поврзаност  со Александар Велики и со античките Грци.

Овој Договор што го постигнавме е да се појасни дека овој народ, таму, не се поврзува со грчкиот карактер, античката грчка цивилизација. Односно Словените и нивниот јазик, кој, за жал, беше прифатен од страна на Грција во 1977 година, е јазик кој припаѓа на словенските јазици и нема никаква врска со древниот грчки јазик. – изјави Коѕијас

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.