Босна незадоволна

Објавил: Македонка Димкин | 26 јуни, 2023 11:26

Кој губи има право да се лути: Босна се буни дека победата на Македонката на Ѕвездите на Гранд била наместена

Фото/Текст извор: ©Магазин

Младата пејачка Славица Ангелова од Македонија е победник на шоуто „Ѕвезде Гранда 2023“. По деветмесечна борба меѓу кандидатите, според публиката, триумфираше Славица Ангелова која беше во тимот на Ѓорѓе Давид, пишува еден од водечките босански медиуми „Кликс“.

Во финалето и се придружи Драган Ѓуриќ од Босна и Херцеговина. Славица во финалната вечер освои 88.367 гласови, додека вицешампионот Драган Ѓуриќ 71.747. По објавувањето, Славица ја отпеа песната на Парни ваљко „Угаси ме“, а на сцената и се придружија и останатите натпреварувачи.

Сепак, многу гледачи не се задоволни од тоа што Славица победи. Некои сметаат дека се било наместено и истакнуваат дека оваа пејачка била невидлива во текот на целото натпреварување, пишува „Кликс“.

Ова само за да не победи Босна“, „Срамота. Најлошото издание на „Ѕвездите на Гранд“ досега“, „Не ја забележав победничката цела сезона“, „Босна имаше седум натпреварувачи во финалето, па гласовите беа поделени. Драган и Мартина беа многу подобри“, „Претходно победниците освојуваа албум и стан во Белград. Сега добиваат песна и автомобил од 20.000 евра. Тоа говори колку е паднато натпреварувањето“, „Демек не беше наместено, а Ѓорѓе Давид го имаше подготвено знамето на Македонија“, беа реакциите на незадоволните гледачи, пишува „Кликс“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...

Избирањето се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири.

Дали Андреа заслужено ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022?

Вчера вечер беше избран нашиот евровизиски претставник, и победата ја однесе Андреа...