Воедно тој е и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а моментално е во болница поради воспаление на белите дробови. Тој преку својот Инстаграм профил испрати порака до сите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 март, 2020 19:47

Коронавирусот пристигна и во „Ѕвездите на Гранд“-Член на жирито заразен откако бил во Македонија!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Српскиот рокер Давид Ѓорѓе пред неколку дена преку социјалните мрежи потврди дека е позитивен на коронавирус.

Ѓорѓе Давид е позитивен на Коронавирус…

Воедно тој е и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а моментално е во болница поради воспаление на белите дробови. Тој преку својот Инстаграм профил испрати порака до сите.

-За жал… потврдено ми е дека позитивен сум на Ковид-19! Не разбирам… Очаен сум. Вирусот ќе помине, но… Болницата, пеколот, како да си во затвор или војска. Луѓе чувајте се. Ве молам!, напиша тој на Инстаграм.

Вчера Вечер.мк објави дека всушност  Ѓорѓе Давид, пред да биде прогласена вонредна состојба, тој бил во Македонија и поради тоа веднаш бил во самоизолација и немал никаков контакт со својата сопруга Ана и неговата ќерка.

– Од Северна Македонија допатував минатиот петок. Седев со  градоначалникот во Гевгелија во моментот кога тој почна да добива информации за вирусот. Во петокот наутро кога тргнав за Охрид, мојата Ана ме бараше на мобилен да ми каже за што станува збор. Не верував дека ситуацијата ќе дотурка толку далеку. Докторите со кои редовно се слушам и на кои им верувам напоменуваат дека дисциплината е најважна – вели тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.