Што пишува во биографијата на новиот министер за култура Асаф Адеми?

Објавил: admin@magazin | 26 мај, 2018 10:29

Кој е новиот министер за култура?

Фото/Текст извор: ©

Предложениот кандидат за нов министер за култура, Асаф Адеми од Гостивар, е роден во 1980, дипломирал на Градежен факултет на УКИМ во Скопје. Од 2003 работел како консултант за имплентација на проекти во Општина Гостивар, каде потоа е унапреден во раководител на одделение за локален економски развој и раководител на секторот за урбанизам.

Во 2009 се вработил во Министерство за надворешни работи и бил назначен за амбасадор во Данска до 2013 година. Потоа е ангажиран како управен директор во компанијата „Инскејл“, чие претставништво во Скопје има околу 100 вработени.

Асаф Адеми доаѓа на местото на Роберт Алаѓозовски, кој во краткиот период од речиси една година направи низа скандали кои беа обелоденети од стручната јавност и уметниците. Голем дел од уметниците и културните работници во државата на промената на Алаѓозовски гледаат со оптимизам дека новиот министер Адеми ќе оневозможи злоупотреба на јавните средства наменети за културата и дека реваншизмот кон определени македонски уметници, што беше одлика на Алаѓозовски и неговите советници, конечно ќе запре.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија