Од Владата изјавија дека за кадровски прашања ќе се разговара по завршување на претседателските избори.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 април, 2019 11:55

Министерот за култура Асаф Адеми се повлекува од позицијата поради здравствени причини

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од својата позиција на министер за култура се повлекува Асаф Адеми, кој на оваа позиција дојде како кадар на Беса. Наводно Адеми се повлекува од министерското место поради здравствени проблеми, пишува Независен весник.

Инаку се уште од Владата нема ниту потврда за негово заминување, ниту пак известуваат за можен наследник на Адеми, но во игра се повеќе имиња. Од Владата изјавија дека за кадровски прашања ќе се разговара по завршување на претседателските избори.

Во периодот 2009-2013 беше Амбасадор на Република Македонија во Кралство Данска и активно работеше на градење силни билатерални односи меѓу Кралството Данска и Република Македонија, како и на поддршка на интеграцијата на Република Македонија кон Европската заедница. Во периодот од 2003 до 2009 година извршувал функции во Општина Гостивар како раководител на сектор за урбанизам и заштита на животната средина, раководител на одделение за локален економски развој, и како консултант во Одделението за имплементација на проекти.

Инаку Адеми е добро познат кај јавноста по контроверзното доделување средства во годишниот конкурс на Министерството за култура. Триесет и девет годишниот министер за култура Асаф Адеми на ова место дојде како кадар на Беса, односно денешна Алтернатива, бидејќи претседателот Африм Гаши стана коалициски партнер во владата на Зоран Заев.

На функцијата министер за култура дојде во  јуни минатата година кога го наследи Роберт Алаѓозовски. Асаф Адеми е магистер по градежништво. Пред да биде избран за министер за култура, е директор на канцеларијата на INSCALE Global’s во Скопје, компанија која нуди услуги за развој на offshore на технолошките компании во Северна Европа. Има повеќе од 15 години професионално искуство во човечки ресурси, стратешко планирање, комуникација и управување со конфликти, и искуство во водењето и растот на големи организации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести