Таа и нејзиниот сопруг Марко, во моментов ги живеат најсреќните денови.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 септември, 2019 11:14

Нора Шаќири си ја отвори душата: Тешко останав бремена поради болеста со која се борам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Женски Магазин

Поранешната новинарка и тв водителка Нора Шаќири-Марковиќ која во моментот е вработена во Министерството за култура, е бремена во четврти месец.

Нора Шаќири бремена во четврти месец…

Таа и нејзиниот сопруг Марко, во моментов ги живеат најсреќните денови.

За Женски магазин, Нора репи да ја отвори душата и искрено раскажа дека кога дознала дека е бремена, таа и најблиските биле збунети и заплакале од среќа.

Имено Нора за магазинот открива дека долги години се бори со проблемите кои и ги создава  тироидната жлезда и дека токму поради тоа била исплашена дека можеби желбата да стане мајка ќе ѝ се оствари побавно.

„Влегувам во четврти месец за некој ден, уште не знам што носам, секој со своите желби, но само Бог знае што нѝ подарил. Кога дознавме, реакцијата беше збунувачка, солзи радосници па приземјување..Со оглед на фактот дека јас боледувам од хашимото тироидеа, некако можеби потешко одеше оваа приказна, но се разбира, во ниту еден момент не кренавме раце, и ете се случи токму кога решивме да се опуштиме. На крајот од денов, ова е божја работа. Тој реши дека сега јас и Марко треба да станеме родители“, вели за Женски Магазин Нора.

 

Нора за магазинот открива дека целото семејство било пресреќно за убавата вест но и нејзината најдобра пријателка Фатиме Фетаи позната во јавноста како специјална обвинителка од СЈО, едвај чека да го види бебето.

„Моите беа пресреќни, особено браќата. Сепак, за првпат ќе станат вујковци. Мајка ми конечно се опушти дека и нејзиното најмало ќе стане мајка, а семејството на Марко е посебна прииказна. Кај нив е прво внуче, па тоа е тоа е друга димензија, прва радост“, додава Нора.

 

Целото интервју со Нора прочитајте го ОВДЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести