Таа смета дека Мицкоски треба да замине од лидерската позиција на легален начин, односно да даде оставка и членството да си го избере лидерот.

Објавил: Владо Марин | 26 септември, 2020 7:57

Исмајлоска: Ако Мицкоски е толку сигурен во поддршката, ајде нека гласа цело членство

Фото/Текст извор: ©fokus

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, која беше исклучена од партијата по гласањето за уставните измени, на „360 Степени“ изјави дека ДПМНЕ била казнета од сопствените гласачи.

-Притоа, дополнително не успеа да биде атрактивна за некои коишто можеби претходно гласале за СДСМ, за ДУИ, за ДПА итн или коишто не излегувале да гласаат. Значи, тие единствено успеаја да отидат подолу и кај своето членство. Тоа се гледа по резултатите во сите изборни единици без исклучок – рече Исмајлоска.

Таа смета дека Мицкоски треба да замине од лидерската позиција на легален начин, односно да даде оставка и членството да си го избере лидерот.

Можеби ќе го изберат него. Ако толку има поддршка од членството ајде веднаш да не оставаме новиот статут да биде на чекање, па нека гласа целото членство, нека има неколку месеци ажурирање или некој преоден период, може неколку луѓе да го спремат тој конгрес што ќе биде со повеќе делегати или да гласаат сите што ќе се ажурираат – порача Исмајлоска.

„Резултатот на овие избори беше нешто што се очекуваше. Кога почна моето дејствување како дел од независната пратеничка група ние предупредувавме на ова и за жал испаднавме дека бевме во право заради тоа што членството го препозна лицемерието на Христијан Мицкоски кое на неколку пати се покажуваше и во носењето на законските решенија, но и во однос на причините заради коишто ние бевме сатанизирани и животот на момент се чуствувавме дека ни беше загрозен.

Сметам дека најмногу ВМРО-ДПМНЕ беше казнета од сопствените гласачи, и дополнително не успеа да биде атрактивна за некои коишто можеби претходно гласале за СДСМ, за ДУИ, за ДПА итн или коишто не излегувале да гласаат. Значи, тие единствено успеаја да отидат подолу и кај своето членство. Тоа се гледа по резултатите во сите изборни единици без исклучок“,вели Исмајлоска- Старова.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика