Заев и Ахмети знаеја дека нема да го постигнат ценсусот за успех, но се надеваат на излезеност од 600 до 650 илјади граѓани за да прогласат победа на мнозинството

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 14:30

Кој е планот “Б” на Заев?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Повеќе од извесно е дека референдумот нема да го достигне потребниот цензус од 50 отсто плус 1 глас за да може СДСМ да го прогласи за успешен.

Затоа истиот е консултативен и со себе не носи правни обврски за реализација на одлуките од него.

Но кој е планот “Б” на Заев по ваквиот дебакл?

Власта од почеток знаеше дека технички без поддршка на ВМРО – ДПМНЕ нема да стигне ни блиску до цензусот. Имено посакуваната бројка за прогласување “победа” на Заев и Ахмети е 600 до 650.000 гласачи или 30% до 35% излезеност.

Тоа е цифрата која збирно т.н. парламентарно мнозинство ја освои на предвремените избори за пратеници кога ВМРО – ДПМНЕ со коалицијата победи со околу 450.000 гласови.

Така Заев ќе го прогласи за победа и по трет пат ќе избегне да поднесе оставка поради пораз.

Она што и го изјави денес е дека битно е гласањето да е мирно и упати апел за што е можно поголема излезеснот откривајќи дека сепак конечната одлука ќе ја носи Собранието на Македонија со 2/3 мнозинство или 81 пратенички глас во поддршка за Уставни измени и имплементирање на Договорот од Преспа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...