Излажаа ли Заев и Јанева дека СЈО не води предистражна постапка за Бујар Османи на денот на неговиот избор за министер на 31 мај 2017 година со официјален документ?

Објавил: Мартин Попоски | 11 октомври, 2018 13:15

Кој кого манипулира – Заев граѓаните или СЈО Заев?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Мандаторот за Владата на Македонија, на 31 мај 2017 година, со писмен документ потврди дека во неговиот владин кабинет нема лица против кои се води предистражна постапка од СЈО.

Излажаа ли Заев и СЈО?

Имено под притисок од јавноста и меѓународната заедница, особено пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Заев како мандатор за нова Влада побара и како што напишале на официјален документ, добил известување дека до тој момент СЈО и Катица Јанева немаат отворени ниту една предистражна постапка за идни министри од неговиот владин кабинет.

Имено тогаш мандаторот Зоран Заев во своето обраќање пред гласањето на новата влада соопшти дека го добил одговорот од СЈО и дека до тој момент не е поведена истражна постапка против предложените кандидати за министри.

За сите 25 кандидати за министри, како и за мене, СЈО нема поведено истражна постапка. – истакна Зоран Заев, мандатар на 31 мај 2017 година.

18-ти на листа е заменик претседателот на Влада и министер за евроинтеграции Бујар Османи, тогаш предлог кандидат.

Заев своето обраќање го продолжи со одговарање на пратениците кои го повикуваа изминатите две седници.

При што изјави дека новата Влада ќе работи во интерес на граѓаните и ги повика политичарите да ги држат рацете надвор од судството.

Ако некој случајно од министрите се дрзне да интервенира да влијае врз обвинител или судија, подобро сам да си даде оставка, оти јас лично ќе поднесам предлог за негова оставка. Повеќе така не може. – порача Заев

Прашање на кое и Заев и Јанева треба да дадат одговор е кога започнала предистражната постапка за Бујар Османи?

Прикрила ли Јанева дека има предистражна постапка против Османи?

Знаел ли Заев дека има предистражна постапка против Османи?

Веднаш по изборот на Влада, во јавноста излегоа и документи од барања на СЈО до надлежни институции за податоци за сите промени во имотно финансискиот статус на: 

Бујар Османи,

Мустафа Нуиш Османи,

Зејнеп Миљаим Османи,

Ваљбона Нехат Хоџа,

Ријад Мустафа Османи,

Ајтен Мустафа Османи,

Елиза Бујар Османи,

Маљ Бујар Османи.

И тоа за периодот од 1 јануари 2008 година до 31 декември 2015 година.

Кога е издаден овој документ кој на јавноста и беше достапен од новинарски извори само 15 дена по 31 мај 2017 година? 

Во случај да се докаже дека постапката почнала пред 31 мај 2017 година кривична одговорност имаат и мандаторот кој го излажал законодавниот дом да му даде доверба да формира влада и Катица Јанева и СЈО кое пласирале лага во која не може да се повикаат на тајност во предистражната постапка како Заев има правен легитимен документ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.