Резултатите од ова истражување се темелат на статистика за криминалот, вклучувајќи ги сите инциденти како што се кражби, терористички напади и војни.

Објавил: admin@magazin | 26 февруари, 2019 19:12

Краков е прогласен еден од најопасните европски градови за туристите

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Според резултатите од едно истражување, Краков е прогласен за најопасна туристичка дестинација во Европа.

Овој град во Полска доби оцена нула, што претставува “исклучително опасно” место за престој доколку сте странец. Оценката 100 инаку им се дава на дестинациите кои важат за најсигурните локации кои можете да ги посетите, пренесува Дејли Ескпрес.

Резултатите од ова истражување се темелат на статистика за криминалот, вклучувајќи ги сите инциденти како што се кражби, терористички напади и војни.

Низ својата историја, градот бил одликуван со Лениновиот орден (4 декември 1970) и Орденот на Октомвриската револуција (23 август 1983), а исто така и со награда доделана од Советот на Европа (29 април 2010).

Студиите исто така ги вклучува и бројните смртни случаеви предизвикани од тешките сообраќајни несреќи.

Краков е град во јужна Полска, над Висла. По Варшава и Лоѓ трет по големина во Полска според бројот на жители; по Варшава втор по големина според територија; Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење.

Во минатото Краков беше административен центар на Полска и седиште на полските владетели. Краков е главен град на Малополското Војводство и историската Малополска.

Првата катедра по македонски јазик надвор од границите на поранешна Југославија е отворена на Јагелонскиот универзитет во Краков.

Градот се наоѓа на спојот на неколку географски територии: Брама Краковска, Сандомиерска котлина, Ошвенчимска котлина и Погуже Западнобескиѕке. Издолжена оска на градот е долината на Висла. Речната мрежа ја сочинуваат Висла, нејзината десна притока Вилга и левите притоки: Рудава, Бјалуха, Длубина, Санка и други.

Денес Краков е општински град и седиште на властите на Малополското Војводство. Во Kраков се наоѓаат седиштата на институциите како: „Полска Академија на Уметностите“, „Стариот народен театар“, „Народен Музеј“, „Јагелонска библиотека“ и др. Градот има многу важна административна, културна, образовна, топанствена и туристичка функција. Тој е клучна патна и железничка крстосница.

Во близина на Краков се наоѓа втор по големина аеродром (Балице) во Полска со меѓународно значење до кој од градот може да се стигне со помош на железница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести