Се превземаат репресивни мерки против епидемијата на морбили

Објавил: Узунов Бобан | 4 јануари, 2019 8:44

Кривични пријави за родителите кои не ги вакцинираат децата

Фото/Текст извор: ©магазин

Кривичното дело за кое може да се одговара се Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по член 206 од Кривичниот законик. Во него е предвидено дека тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Министерот за здравство Венко Филипче во синоќешното интервју за 1тв соопшти дека дека родителите кои не се придружуваат до препораките на Министерството во услови на прогласена епидемија, како што е овој случај со морбилите, можат да бидат и кривично гонети. Филипче објаснува дека согласно правилникот за имунизација, кога не постои епидемија родителите имаат обврска да ги вакцинираат децата и таа потврда да ја донесат при упис во градинка. Доколку не го направиле тоа, им се заканува казна која се движи помеѓу 300 и 600 евра. 

-Кога има период на епидемија постои можност за кривична одговорност до родителите доколку не се придружуваат до препораките кои ги даваме, а се загрозува јавното здравје. Мора луѓето да сфатат дека ова е ситуација која може многу лесно да ескалира, можат да се јават исклучително многу заболени. Следниот период од 2 недели кога завршува инкубацијата на последните примени деца, ќе биде знак дека нема нови заболени и ќе прогласиме дека нема повеќе епидемија. Потоа ќе продолжиме со кампања за подигање свест кај јавноста дека вакцините не се штетни и каква заштита нудат. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.