Кукан со сеење страв повика на уставни измени, Вајгл веќе си ја промени функцијата, па сега е специјален известувач за ЕП од Република Северна Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 7:42

Кукан сее страв, ако има предвремени избори ќе има и хаос во Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ден пред гласањето за извештајот на Македонија во комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, европратениците разменија мислења за состојбата во земјата по референдумот за Договорот за името.

Неколку тензии се појавија и со грчка европратеничка од Сириза.

Европратениците денес ќе гласаат и за усмен амандман додаден од страна на известувачот, Иво Вајгл по 30 септември кој гласи дека се нотира исходот од референдумот и истакнува дека е потребна дополнителна поддршка за евроатлантската иднина на земјата и ратификацијата на Преспанскиот Договор.

Пратениците ќе ја охрабрат Владата да ги преземе сите потребни чекори за почитување на одредбите од договорот.

Во тој контекст, европратениците потенцираа дека во овој момент не се знае дали во Македонија ќе успее да се најде двотретинско мнозинство за усвојување на Договорот или ќе се оди на предвремени избори.

Едвард Кукан, од Европската Народна Партија, порача дека доколку има промени во состојбите во Македонија, содржината ќе може да се адаптира кога извештајот за Македонија ќе се усвојува на пленарна седница на ЕП во ноември.

Мојата единствена забелешка е дека ако е потребно да се одржат предвремени избори ќе има хаос во земјата долго време. – рече Кукан на дебатата за Македонија, додавајќи дека постои сериозна загриженост за земјата.

Тој ја поздрави работата на Иво Вајгл и рече дека ќе го поддржи извештајот.

Известувачот Вајгл посочи дека во Македонија ситуацијата е подобра од претходните години и дека Преспанскиот Договор го вратил оптимизмот во однос на земјата во ЕУ.

Поентата е да се продолжи да се поддржува приближувањето на земјата кон ЕУ и НАТО доколку таа желба биде изразена од страна на самата држава. – рече известувачот.

Патем Иво Вајгл во официјалните документи е наведен как специјален известувач за Европскиот парламент за Република Северна Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.