Тоа предизвика гнев кај амбасадорот, кој рече дека не доживеал такво нешто во неговата 27-годишна дипломатска кариера.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 септември, 2020 12:26

УКРАИНСКИОТ АМБАСАДОР НАПРАВИ СКАНДАЛ НА ГРАНИЦА СО БЕЛОРУСИЈА: Се заканувал на полицајци и започнал ДИПЛОМАТСКА ВОЈНА!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Украинскиот амбасадор во Минск Игор Кизим, им се закани на белоруските граничари со „дипломатска војна“ кога го замолија да го отвори багажникот на неговиот автомобил.

Инцидентот се случи на 5 септември на границата меѓу Украина и Белорусија. Кизим, кој претходно беше поканет од Киев на консултации, се враќаше во Минск преку граничниот премин Нова Гута. Според него, белоруските граничари го присилиле да го отвори багажникот и да ги покаже своите лични работи.

Тоа предизвика гнев кај амбасадорот, кој рече дека не доживеал такво нешто во неговата 27-годишна дипломатска кариера.

Како што може да се види на видеото објавено од Граничната служба на Белорусија, Кизим предупреди на границата дека, во согласност со Виенската конвенција, може да се изврши претрес на дипломатско возило само од добри причини.

Кизим, вети дека ќе напише протестна нота.

„Со ова, вие правите многу лош чекор. Започнуваме дипломатска војна “, се закани тој.

Граничната служба на Белорусија изјави дека амбасадорот не бил претресен, туку дека граничарите гледале само во неговиот автомобил, а тоа не претставува кршење на Виенската конвенција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...