Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 јануари, 2021 16:42

ЗАКАНИ НА ФЕЈСБУК: МВР го уапси вевчанецот Г.П. (45) поради закани кон Заев и Пендаровски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Приведен вевчанец за закани со убиство!

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 04.01.2021 полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија Г.П.(45) од Вевчани.

Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.

При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вевчанецот е уапсен поради закани кон премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести