Поранешната пратеничка од СДСМ и една од најпознатите актерки Софија Куновска со жестоки критики до Владата

Објавил: Узунов Бобан | 8 февруари, 2019 9:23

Куновска до Владата: Тоа дека сте штедливи на друг да му објаснувате

Фото/Текст извор: ©магазин

Поранешната пратеничка од СДСМ и една од најпознатите актерки Софија Куновска ја обвини Владата за популизам и расипничко трошење на парите на граѓаните. Таа им порача на власта дека само со парите на советниците кои не знаат што им е работата Владата може да се удостои. 

Фејсбук статусот на поранешната пратеничка на СДСМ Софија Куновска која го разобличува популистичкото владеење на СДСМ

Ќе ги оставеле столбовите од оградата на владата…
Аман, до кога ќе си играте држава?
Зошто секојдневно покажувате дека сте полоши од најлошите?
Анализиравте, анализиравте, анализиравте и ова ли го смисливте?

Немате ниту идеја, ниту храброст.
Тоа дека сте штедливи на друг да му го објаснувате. Само со платите на советниците и националните координатори кои се шуткаат од прием до прием, од канцаларија до канцаларија и до ден денес немаат откриено што им е работата, можете да ги покриете трошоците за целата зграда на владата да се упристои.
А можевте и со парите за ВЕЧЕР да се послужите.
Патетични сте. И за жалење

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.