Сојузништовото меѓу Русија и Турција по санкциите од САД се поголемо и поизразено во регионот

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 август, 2018 7:11

Лавров: “Американските санкции против Русија и Турција се незаконски”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американските економски санкции против Турција и Русија се дел од “незаконската политика на САД” изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од Анкара.

“Зајакнувањето на санкциите го сметаме за незаконски потег диктиран од желба за доминирање насекадa.  Да се диктира политиката да се одлучува за светската политика без договор.” – изјави Лавров на прес конференција со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу.

Лавров истакна дека САД ги користат санкциите со цел нефер да профитираат во трговијата на светски размери.

Рускиот шеф на дипломатијата излезе со план Русија да почне трговија во национални валути со Турција и други земји вклучително и Кина за да се ослободат од овие “незаконски блокади”.

Посетата на Лавров на Турција и средбата со турскиот шеф на дипломатијата Чавушоглу е во функција на самитот за Сирија што ќе се одржи на 7-ми септември  во организација на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган а на самитот ќе учествуваат првите луѓе на Русија – Германија и Франција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.