Во задниот горен дел на носот, на сводот е сместен мирисниот епител кој содржи хеморецептори.

Објавил: admin@magazin | 2 декември, 2019 23:29

Лек за затнати синуси и затнат нос – за 2 дена ќе почнете да дишете

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Затнувањето на носот е една од најнепријатните работи што се случува во ладно време. Тоа е всушност лошиот симбол коj прави да не го сакаме студеното време.

Сепак, тоа може да се излечи и со некои работи кои сигурно веќе ви се наоѓаат по дома.

Носната празнина со надолжна носна преграда е поделена на две половини. Преградата во почетниот дел е изградена од ‘рскавица, додека при коренот на носот таа е ковчеста. Коската која го образува горниот дел од носната преграда е наречена рало. Секоја од двете носни половини содржи носни школки, кои го забавуваат движењето на воздухот.

Внатрешната слузокожа на носната празнина е покриена со трепчест епител, добро снабден со мукозни жлезди и разгранета мрежа од крвни капилари. Жлездите лачат мукус, лигава течност со бактерицидно дејство.

Преку парните носни отвори, наречени ноздри, носот комуницира со надворешната средина, додека преку хоаните остварува врска со голтникот.

Околу ноздрите, од внатрешната страна, исто така се наоѓаат и влакна чијашто основна функција е спречување на влегување на цврсти честички, прав и слично во носот. Ваквата градба овозможува вдишениот воздух да се затопли, навлажни и да овозможи елиминирање на честички од прав и разни микроорганизми од него.

Во задниот горен дел на носот, на сводот е сместен мирисниот епител кој содржи хеморецептори. Воздухот, минувајќи низ носната празнина затоплен и пречистен, преку хоаните се пропушта во голтникот. Под влијание на микроорганизми или разни хемиски неповолни дразби, доаѓа до зголемено лачење на мукус и до појава на кивавица.

Потребни состојки:

1 литар вода
2-3 компири
1 бела репка (онаа со розеникава нијанса, а може и црна)
1 шака камилица
1 шака корен од бел слез

Постапка:

Зеленчукот убаво измијте го и исечете го на парчиња без лупење. Ставете го вода заедно со камилицата и слезот, најдобро е да бидат домашни, но ако немате, може и купечки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...