Никој не рече дека ќе биде лесно, сепак надежта последна умира, СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА ОСТАНЕТЕ СО НАС!

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 декември, 2019 17:28

Магазин ви посакува здравје и љубов: Ја испраќаме старата со надеж за поуспешна 2020

Фото/Текст извор: ©магазин

Заминува можеби една од најтурбулентните години кога станува збор за случувањата во државата. Оваа 2019 година јавноста ќе ја памети по многуте скандали во политиката, а кои ние ги објавувавме навремено и објективно со цел  за да  ја сервираме вистината за да допре до читателот

2019 почна со она од кое сите се плашевме, се промени нашето име Македонија под притисок уцени и манипулации. Почна со горчини а остана голем груктка во градите на секој Македонец. Продолжи со  страотната несреќа кај Ласкарци која се случи на 13 февруари кога загинаа 14 луѓе а 30-тина беа повредени, следните денови починаа уште два патника. Во Македонија беше прогласен дводневен ден на жалост, а луѓето беа шокирани од страшната несреќа

Следуваше пресудата за 27 ми април кога Основен суд Скопје изрече пресуда за дел од учесниците во насилството и оние кои се бореа за Македонија беа прогласени за терористи и им беа изречени максимални казни на тешка робија

Васко Белески e креаторот и идеологот на МАГАЗИН.МК. Белески заминал во Швајцарија како студент во 90 тите години. После дипломирањето на Техничкиот Факултет во Битола решил да остане во Швајцарија, Во тоа време беше активен и на македонската музичка сцена, но после една некоректна соработка со македонските менаџери, се повлекува од музиката и од 2000 година престанува да се занимава со музика. Тој се концентрира на кариерата и за брзо време сфаќа дека всушност маркетинг и организација е тоа што најмногу го знае, по што на Швајцарската Маркетинг Академија во Цирих во 2006 година се стекнува со називот Маркетинг Менаџер. Работел за Нивеа Бајерсдорф, Базлер Цајтунг и како висок менаџер во групацијата Медиа Маркт. Денес е споственик на марката DIARFACE a e и претседател на одборот на фирмата SuisseControls. 

Митко Чавков доби највисока казна од 18 години затвор за настаните од 27-ми април. По 15 години затворска казна добија полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, разузнавачот Мунир Пепиќ, Јане Чентo, Влатко Трајковски и Никола Митревски- Кољо. Вилијам Михајловски доби 14 , а Оливер Поповски 13 години затворска казна. По 12 години добија Младен Додевски, Горанче Анѓеловски и Игор Југ. Обезбедувачот на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски- Оливер Радулов доби 10 години затвор, а вработениот како обезбедување во Собранието Абдуљфета Алими доби 7 години. На обвинетиот Александар Василевски – Нинџа му е изречена казна затвор од 8 години.

Игор Дурловски, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ доби ослободителна пресуда, односно истиот се ослободува од обвинението.

Следуваше датумот за преговори со ЕУ кои Власта неколку пати го најавуваше во јуни, но за жал Македонија не доби датум за ЕУ. На 5 јуни премиерот во заминување Заев ветуваше: Ако не добиеме датум за преговори со ЕУ, можно е да падне владата. Но тоа се одоговлечи се до 3 Јануари 2010 за кога тој најави дека ке даде оставка

Следуваше и скандалот со пратеникот Павле Богоевски кој откако во јавноста излезе аудио снимката за аферата  на која нарачува масло од канабис за својата сестра, си даде оставка од функцијата пратеник во Собранието.

На претседателските избори на 5 мај Македонија го доби новиот претседател Стево Пендаровски за кој исто така се врзуваат многу контрадикторности на пример сеушпте се вртат видео снимки каде истиот тој Пендарвоски за гласачите на партија од ВМРО/ДПМНЕ вели дека се „стока„

Во мај годинава Охрид доби голем удар. Еден од најубавите македонски градови и Охридското езеро кое е едно од најпосетуваните во регионот добија препорака од УНЕСКО за да се стави на Листата на загрозено светско наследство.

2019 година ќе се запамети и по  тоа што за прв пат во историјата на Македонија  беше одржана геј парада, или Парада на гордоста а овде е редно и да споменеме дека за геј членовите Владата на Македонија на неколку наврати во износ од 100 тина илјади евра набави лубрати, додека во исто време умираа деца кои молеа да им с епомогнет бидејки во Македонија немоќеа да се лечат

Еден од настаните кои беа најкоментирани и најчитани беа објавените разговори на руски пранкстери, кои се претставувале како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со премиерот на Македонија, Зоран Заев.

ТОП вест на годината беше секако случајот Рекет, настан по кој дефинитивно ќе се памети годинава. Многу мистерија, неразјаснети случувања, разговори, сведочења, но се уште нема пресуда.

Во јули годинава  беше одреден триесетдневен притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, како осомничени за изнудување пари, одземен мобилен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева, како и претреси во домот на родителите на Јовановски во Тафталиџе и на неговата канцеларија во 1ТВ, откако претходно Јавното обвинителство ги обелодени случаите за Јовановски и Милевски, а Јаневска си поднесе неотповиклива оставка. На двајцата осомничени по спроведениот распит во Кривичниот суд, им била потврдена мерката притвор. Со овој случај, наречен „Рекет“, Обвинителството отвори истрага во која двајцата осомничени ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага од страна на СЈО.

Пратеничката Фросина Ременски беше вклучена во проширената истрага за „Рекет“, заедно со уште четири лица. Потпретседателка на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, задржана во куќен притвор. Заев најави отстранување на Ременски од партијата.

На 18 октомври – Македонија не доби датум за започнуање на преговори со Европската Унија. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го блокираше процесот.

Годинава ја завршуваме без промена на полето загадување. Неколку пати Скопје се најде меѓу петте најзагадени градови во светот, а владата на Зоран Заев уште еднаш докажа дека граѓаните не и се важни и дека изброните ветувања за чист воздух беа само бледи ветување и манипулриања

Работевме напорно 365 дена, ги следевме будно сите случувања во државата и надвор од неа, ја известувавме јавноста за сите скандали кои се случија изминатава 2019 година. Пренесувавме за политичката ситуација во државата, ви дававме мотив за верба во објективноста а така ќе продолжиме во новата 2020 година. Со полни раце работа, со надеж за убави настани кои ќе ја носат државата напред. 

СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА ВИ ПОСАКУВА ТИМОТ НА МАГАЗИН.МК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.